Студентите со концерт во чест на Томислав Зографски

Студентите од Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ ќе одржат концерт во чест на композиторот Томислав Зографски. На овој концерт ќе настапат студентите од класата на проф. д-р Милица Шкариќ, а тоа се студентите Бисера Иванова, Петре Штерјов и Бенжамин Думонт, кој е во својство на гостин од Белгија.

Студентите ќе изведат дела од Зографски и тоа: 10 минијатури оп. 6 и 11, Суита оп. 27 и Сонатина ин Це за две пијана оп. 142.

На концертот ќе присуствува сопругата на починатиот композитор, Панда Зографска-Беличанец, која во име на Фондацијата „Томислав Зографски“ на Музичката академија ќе ѝ подари монографија и ноти од композиторот. Потоа г-ѓа Зографска-Беличанец ќе им додели дипломи за почесните членови на Фондацијата „Томислав Зографски“: проф. д-р Милица Шкариќ, проф. м-р Валентина Велковска-Трајановска и асс. м-р Ленче Насев.

Концертот е во понеделник (9.5.2016) во 18 часот, во просториите на Музичката академија во Штип.

21/10/2016
Се информираат студентите од прв циклус на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за пријавување на испити...