Концерт

Музика за глас, виолончело и пијаново МОБ

Во фоајето на МОБ, денеска (21 март), со почеток во 20 часот, триото Богоромова, Краповски, Шкариќ ќе одржи концерт во рамките на нивниот проект „Музика за глас, виолончело и пијано".

За нив музичката критика ќе забележи: „... лежерност и леснотија во изведбата, спонтано водење на мелодијата без непотребна драматика или орнаментика со цел да се создадат ефекти само поради ефекти, течност на музичката мисла... Триото кое самото по себе, барем кај нас, е реткост во однос на инструменталниот состав, носи навистина еден поинаков поглед кон музичките предизвици". Ова е дел од убавите зборови на музичката критиката за триото и проектот „Музика за глас, виолончело и пијано".

На програмата се дела од Моцарт, Шуберт, Глејзер, Дајс, Франк, Берлиоз и Михајловски. Поголемиот дел од програмата е македонска премиера.
Концертите е поддржан од Министерството на култура.

Поврзани

Најнови вести

Коментари