Jakovlev, Zlatko (2016) Анимација во туризмот - теорија и практика. University Goce Delcev - Stip, Stip. ISBN 978-608-244-287-7
Preview |
Text
Zlatko Jakovlev.pdf Download (12MB) | Preview |
Abstract
Анимацијата во туризмот има посебно значење и свои специфичности. Тоа произлегува од специфичностите на туризмот, што во различен обем и интензитет опфаќа различни стопански и нестопански дејности. Со оглед на комплексноста на анимацијата во туризмот, авторот на книгава не бил во можност детално да ги расветли сите нејзини аспекти и методологија за истражување. Аспектите на анимацијата во туризмот авторот настојувал да ги илустрира врз база на некои истражувања од одредени домашни и странски автори, како и одредени лични истражувања. Анимацијата во туризмот во оваа книга се разгледува како специјалност на стручно образовани и специјализирани кадри, но, истовремено треба да се апострофира дека анимацијата не може и не треба да биде професија само на аниматорот. За ефективно и ефикасно реализирање на програмите на анимацијата во туризмот, неопходна е тимска работа во која партиципираат сите членови од туристичкото претпријатие, а аниматорот е рамноправен член на деловниот тим. Во тој контекст, како “грижа за посетителот“, анимацијата е деловна задача и обврска на секој вработен во туризмот кој доаѓа во контакт со клиентот. Истовремено треба да се нагласи дека анимацијата не може и не треба да се користи за прикривање на недостатоците во поглед на квалитетот на услугите, бидејќи тогаш таа престанува да биде - анимација!
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Zlatko Jakovlev |
Date Deposited: | 25 Oct 2016 12:36 |
Last Modified: | 25 Oct 2016 12:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16493 |
Actions (login required)
View Item |