Способноста на лидерот во оценувањето на перформансите на вработените и нивно наградување

Cekovska, Dijana (2016) Способноста на лидерот во оценувањето на перформансите на вработените и нивно наградување. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of лекторирана магистерска-Дијана Цековска.pdf]
Preview
Text
лекторирана магистерска-Дијана Цековска.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Секоја организација тежнее кон постигнување на совршенство, било да е тоа во поглед на остварените резултати од продажбата, извонредни приходи или лансирање на нов производ на пазарот. За да се оствари оваа цел главната улога ја имаат лидерите во организацијата, коишто треба да ја поттикнат извонредноста. За да се постигне ваквата перформанса, пред с , лидерот треба да поседува карактеристики на ефективен водач. Ефективен водич е личност којашто шефува со една група на подредени. Подредените би се опишале како следбеници или членови на тимот, кои се под контрола на некој друг и група под авторитетот. Наједноставно, лидерот е личност која ги води и подучува другите, а следбеник е личност која го прифаќа учењето на некој друг. Улогата на лидерот во организацијата е да овозможи раст и развој на организацијата и на вработените што ги супервизира. На овој начин ќе се овозможи учинокот на лидерот и подредениот да се оптимизира, а со тоа ќе се обезбеди максимална придобивка и за организацијата и за клиентите.
Вработените се најважниот, но и најскапиот ресурс на компанијата, бидејќи се поврзани со компанијата и конкурентската предност. Затоа, најважно е добро да се управува со овој ресурс, којшто ќе помогне на компанијата да ја однесе на највисоко ниво.
Клучни зборови: лидер, перформанси, способност, вработени, наградување, оценување, моќ, менаџирање

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Oct 2016 10:50
Last Modified: 12 Oct 2016 10:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16431

Actions (login required)

View Item View Item