Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата - Најважни теоретски сознанија

Apasiev, Dimitar and Saveski, Zdravko and Kovachevski, Aleksandar and Vasilev, Kire (2010) Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата - Најважни теоретски сознанија. In: Protection and Promotion of the Workers Rights, 15.IX.2010, Skopje (Republic of Macedonia).

[thumbnail of 7.) E-broshura (Obezvrednuvanje-na-trudot).pdf] Text
7.) E-broshura (Obezvrednuvanje-na-trudot).pdf

Download (403kB)

Abstract

Во врска со присутните процеси на перманентно и систематско кршење и намалување на работничките права, вреди да се каже дека кај нас овие две негативни појави не се со ѕид одвоени една од друга: всушност, губењето на одредено работничко право во Република Македонија се случува токму на таков начин што неговото неуживање, преку усвојувањето на соодветна законска регулатива, престанува да биде „кршење“ и станува „намалување“ на правата!? Саркастично, но еден од начините на надминување на дискрепанцата помеѓу законски даденото право и фактичкото кршење на тоа право доста често се надминувала или барем се намалувала преку усвојување промени во законската регулатива кои резултираат со намалување на правата на работниците! На тој начин, оневозможеноста работникот да остварува одредено право перфидно се трансформира од „кршење на законските одредби“ во „постапување согласно законот“!?
Работничките права во Македонија беа и ќе бидат на удар, многу повеќе ако самите работници и политичките субјекти кои ги застапуваат нивните интереси не застанат во нивна бескомпромисна одбрана. Сè додека не е така, и понатаму ќе се намалуваат и кршат правата, а студиите од овој тип, за жал, ќе имаат неисцрпен материјал...

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: Трудово право, работнички права, транзиција, закони, измени и дополнувања
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 22 Nov 2012 10:01
Last Modified: 22 Nov 2012 10:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1636

Actions (login required)

View Item View Item