Управување со капиталот во банкарскиот сектор во Македонија

Nakova, Hristina (2016) Управување со капиталот во банкарскиот сектор во Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University.

[thumbnail of Lektorirano, Управување со капиталот  во  банкарскиот сектор во Македонија_finaleto.pdf]
Preview
Text
Lektorirano, Управување со капиталот во банкарскиот сектор во Македонија_finaleto.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Капиталот на банките е особено значаен за банкарското работење. Имено, секој регулатор го дефинира минималното ниво на капитал кое банките под негова надлежност мора да го исполнат за да добијат дозвола за работа и потоа да можат да функционираат. Капиталот служи за заштита на банките и нивните стејкохолдери од неочекуваните загуби, како резултат на материјализација на ризиците со кои се соочуваат во секојдневното работење. Ризиците на кои банките се изложени во работењето се многубројни и разновидни.
Најголеми ризици на кои се изложени македонските банки се кредитниот ризик, оперативниот ризик и ликвидносниот ризик. Ликвидносниот ризик е специфичен, бидејќи загубите кои ги предизвикува неговата материјализација не можат да се надоместат со капитал. Кредитниот ризик е дефинитивно најзначајниот ризик на кој се изложени македонските банки. Затоа, од големо значење е да се анализираат индикаторите на изложеност на овој ризик и да се изградат соодветни вишоци на капитал за амортизирање на евентуалните загуби кои би можеле да настанат како последица на негово реализирање.
Имајќи го предвид значењето на банкарскиот сектор за стабилноста и напредокот на целата економија, неопходно е да се изгради адекватен систем на управување со банкарските ризици и капиталната адекватност. Оваа задача е огромен предизвик, како за регулаторите и супервизорите, така и за органите на управување во банките.
Клучни зборови: банки, ризици, кредитен ризик, оперативен ризик, ликвидносен ризик, регулатор, органи на управување

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 Oct 2016 10:01
Last Modified: 05 Oct 2016 10:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16352

Actions (login required)

View Item View Item