Карактеристики на семето од различни хибриди на сончоглед во услови без наводнување

Gorgieva, Biljana (2016) Карактеристики на семето од различни хибриди на сончоглед во услови без наводнување. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Карактеристики на семето од различни хибриди на сончоглед во услови без наводнување.pdf]
Preview
Text
Карактеристики на семето од различни хибриди на сончоглед во услови без наводнување.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Целта на овој труд е да се проучи влијанието на агроеколошките услови врз хибридите сончоглед кои се одгледуваат во централниот дел на источна Македонија на локацијата во Свети Николе, во текот на 2013 и 2014 година, во однос на приносот на зрното, масата на 1000 зрна, односот лушпа/јадро, содржината на масло, содржината на олеинска киселина и приносот на масло. Истражувањата се вршени на 25 видови маслени хибриди сончоглед.
Највисок принос на зрно е добиен во текот на 2014 година од хибридот NLK12M144, 4 594 kg/hа. Во однос на масата на 1000 зрна, хибридот NLK12M144 во текот на двете години од истражувањата се истакнува со најниска вредност. Со скоро идентични високи вредности на маса на 1000 зрна во целокупниот период на истражување (2013 и 2014 год.) се истакнува хибридот PR64LE19, со 91,4 g и 91,3 g, соодветно. Просечната вредност за односот лушпа/јадро добиена во периодот на испитувањето (2013 и 2014) изнесува 0,28 %. Во услови на поголема количина на врнежи и пониски температури во текот на 2014 година со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NSN12067 (51,1 %). Во 2013 во услови со помала количина на врнежи и повисоки температури, со највисока содржина на масло се истакнува хибридот NLK12M144 (49,4 %). Просечната содржина на масло во периодот на испитување кај сите хибриди сончоглед изнесува 45,7%.
Во однос на содржината на олеинска киселина, како високо олеински тип на хибрид сончоглед се истакнува NLK12S074 со 86.6% и 88.0% олеинска киселина во секоја година, 2013 и 2014, соодветно. Во просек, испитуваните хибриди (вкупно 25) во текот на двете експериментални години спаѓаат во групата на средно олеински тип хибриди со просечна вредност од 62.67 % олеинска киселина. Со највисок принос на масло во целокупниот период на истражување се истакнува хибридот NLK12M144 со 1 034.22 kg/ha (за 2013 год.) и 2 237.45 kg/ha (за 2014 год.). Хибридот NLK12M144 се карактеризира и со најголем принос на масло, особено во 2014 год., година со повеќе изразени врнежи и пониски температури.Со кластер анализа е извршено групирање на примероците во пет групи по сличност врз основа на приносот на зрно и компонентите на принос со цел обезбедување прецизна слика за особините на хибридите кои се разгледуваат.
Со анализата на главни компоненти (PCA), се издвојуваат хибридите NLK12M006, NLN12N007 и NLN12N010 DMR.
Клучни зборови: хибриди сончоглед, карактеристики, принос на зрно, принос на маса, масло, олеинска киселина.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 23 Sep 2016 07:46
Last Modified: 23 Sep 2016 07:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16282

Actions (login required)

View Item View Item