Економика на претпријатија

Nikoloski, Krume and Paceskoski, Vlatko (2016) Економика на претпријатија. Goce Delcev University, Stip, Macedonia. ISBN 978-608-244-322-8

[thumbnail of 777-EKONOMIKA NA PRETPRIJATIE.pdf]
Preview
Text
777-EKONOMIKA NA PRETPRIJATIE.pdf

Download (654kB) | Preview

Abstract

Учебникот “Економика на претпријатие” пред се е наменет за студентите на економските и други факултети при совладување на содржината за наставната дисциплина економика на претпријатија. Исто така учебникот е корисен и за научните работници за нивни продлабочени истражувања на одделни сегменти од економијата на претпријатието,за менаџерите и вработените во претпријатијата кои се непосредно и посредно работат во одреден стопански субјект, како и носителите на економската политика и драгоценa основа за оние кои што сакаат да ги откријат многубројните принципи на економијата и деловните функции во претпријатието.

Егзистирањето и функционирањето на претпријатието, имплементирани во сферата на принципите на работа и ефектите од профитот, денес се наметнува како фундирана основа на проширената репродукција и тековите во стопанството. Во таа насока, значењето на темите што се обработуваат во трудот е објективно и корисно.Тргнувајќи оттука во учебникот се истражувани и дава одговор следниве тематски подрачја:

• издвојување на економиката на претпријатие како посебно научна дисциплина;
• дефинирање на претпријатието и претпријатието како основен субјект во пазарното работење;
• видови на претпријатија;
• претпријатието и опкружувањето;
• претприемач и претприемништво;
• управување со средствата во претпријатието;
• трошоците во претпријатието;
• управување со квалитетот –економијата во претпријатието (продуктивност, економичност и рентабилност);
• ефикасност и ефективност;
• управување со резултатите од претпријатието;
• стратегија за раст и развој на претпријатието.

Всушност претпријатието како еден од субјектите на стопанскиот систем е предмет на интересирање и истражување на науката и современата практика. До таквиот интерес се доаѓа поради фактот што претпријатието има големо значење, како за човекот како индивидуа, така и за националната економија.Значењто на претпријатието за општествениот и стопанскиот живот произлегува од улогата што ја врши во облик на бруто домашниот производ.

Предмет на истражување на трудот е конкретната економска активност на претпријатијата, се со цел изнаоѓање на законитостите и принципите на нивно функционирање и развиток. Притоа основна задача е проучување и анализирање на односите помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата на основните елементи во процесот на репродукција за остварување на тие резултати, со цел за минимално ангажирање и трошење на средствата и работната сила а да се остварат максимални резултати. Со оглед на тоа што вложувањата и резултатите претставуваат последица на дејството на различни фактори кои се од интерна и екстерна природа. Имајќи го тоа предвид, економиката настојува да открие зошто функционирањето на претпријатијата се одвива на одреден начин, кои се факторите што го одредуваат таквото функционирање и каков е интензитетот на нивното поединечно влијание. И на крај, сложената, динамична и променлива средина во која претпријатието функционира и ги остварува своите цели, ја наметнува потребата за решавање на проблемите и предизвиците не е доволна само една научна дисциплина туку нужно е вклучување и на други научни дисциплини.

Секако секој труд што претендира совесно и одговорно да ги остварува процесите и проблемите од работата на претпријатието преставува придонес за развојот на економската мисла.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Krume Nikoloski
Date Deposited: 12 Oct 2016 09:06
Last Modified: 12 Oct 2016 09:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16258

Actions (login required)

View Item View Item