Концерт

Благица Поп Томова и Милица Шкариќ ќе настапат во Њујорк

Концертот е следен заеднички настап на двете уметници, по успешната минатогодишна турнеја низ Македонија

Македонската сопранистка Благица Поп Томова и пијанистката Милица Шкариќ на 22 мај ќе одржат рецитал во Њујорк.

Пред американската јавност тие ќе се претстават со песни за сопран и пијано од П. И. Чајковски, С. Рахмањинов, македонските композитори Т. Зографски, Т. Прокопиев, Г. Гавриловски и арии од В. Белини, Џ. Пучини, А. Каталани и Ш. Гуно.

Поп Томова дипломирала и магистрирала на ФМУ - Скопје. Првенка е во Македонската опера и балет и има настапувано во бројни, позитивно оценети главни улоги. Шкариќ, пак, завршила студии по пијано во Париз и во Хамбург. Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди.

Концертот е следен заеднички настап на двете уметници, по успешната минатогодишна турнеја низ Македонија.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и е во соработка со Македонскиот културен центар во Њујорк и Граце нотес цонцерт сериес од Белфорт.

Поврзани

Најнови вести

Коментари