Анализа и споредба на добивка при различни видови долгорочни вложувања

Lozanov, Sase (2016) Анализа и споредба на добивка при различни видови долгорочни вложувања. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_МАГИСТЕРСКА  ЛОЗАНОВ-лекторирана.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_МАГИСТЕРСКА ЛОЗАНОВ-лекторирана.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Во услови на континуиран пад на банкарските камати за депозити, а во време кога се зголемува неизвесноста за иднината, физичките и правните лица имаат дилеми како да ја осигураат својата иднина, односно на кој начин и каде да ги вложат своите финансиски средства,а притоа да ги „оплодат“ т.е. да ги зголемат своите заштеди. Физичките лица најчесто се одлучуваат своите заштеди да ги стават во банка на определен период и притоа за тој период да добиваат одредена камата, или пак се одлучуваат своите заштеди да ги инвестираат во различни видови на животно осигурување и на тој начин да се „грижат“ за својот живот, за својата иднина како и за иднината на своите семејства.
Математичката наука, во корелација со економската, разработува и нуди повеќе модели на вкаматување и осигурување, при што се анализира преземањето ризик и донесувањето одлуки базирани на влезно-излезните податоци. Математичкото моделирање е корисна алатка за правилен избор на одреден пакет на депонирање финансиски средства т.е. влог во животно осигурување. Досега во достапната литература и истражувања во Република Македонија, не најдовме сеопфатна математичка анализа на исплатливоста на долгорочните вложувања (депозит или осигурување) со донесување одлука базирана на некој математички модел. Затоа, во магистерскиот труд е направена паралела помеѓу исплатливоста на долгорочните вложувања преку анализа и споредба. Анализирано е животното осигурување во Република Македонија како еден од начините на долгорочно штедење од една страна и вложувањето на заштедите во банка од друга страна.
Основната задача на актуарскиот сектор кој е одговорен на спроведување на техничките организации на осигурувањето се состои во утврдување на законитостите на ризикот и воспоставување рамнотежа помеѓу приходната премија на осигурувањето, како и исплатата на обврските на осигурувачот. Доколку осигурителната организација поседува соодветна
Саше Лозанов Анализа и споредба на добивка при различни видови долгорочни вложувања
6
статистичка база на податоци, може да изврши комплексна и прецизна анализа на причинителот, но и со примена на подобниот актуарско-статистички метод да изврши процена на клучните големини кои ја создаваат базата во процесот на оценувањето на ризикот и формирањето на адекватен премиски систем.
Од друга страна пак, вложувањето на заштедите во банка во нашата држава е верна традицијакоја од една страна има свои придобивки но од друга страна си има и свои недостатоци. Имено, штедењето во банка најчесто е заштеда на она што го имаме и кога можеме, но при тоа, без обврзување со договори. Кај животните осигурувања тоа е малку поинаку замислено и поинаку изведено со преземање на одредени обврски. Оттука се јавува и дилемата кај граѓаните при донесување одлука каде да ја вложат својата заштеда и на кој начин.
Клучни зборови: животно осигурување, каматни стапки, добивка, математички модели.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Aug 2016 11:57
Last Modified: 22 Aug 2016 11:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16126

Actions (login required)

View Item View Item