Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Kraleva Klampfer, Marina (2016) Извештај за парични текови. Годишен зборник 2016, Економски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISSN 1857-76-28
Preview |
Text
Izvestaj za paricni tekovi.pdf Download (477kB) | Preview |
Preview |
Text
Zbornik_ekonomski_2016.pdf Download (11MB) | Preview |
Abstract
Големата важност на паричните средства го прават Извештајот за парични текови (ИПТ) еден од основните финансиски извештаи. Овој извештај дава информации за начинот на користење на средствата и ресурсите на претпријатието со цел стекнување на парични средства. Информациите за паричните текови на ентитетот им користат на корисниците на финансиските извештаи за обезбедување на основа за проценка на можностите на субјектот да генерира пари и парични еквиваленти, како и потребите на друштвото да ги користи тие парични текови.
Изготвувањето на ИПТ се врши со примена на МСС 7. Основната структура на Извештајот е секогаш иста, без оглед на методот на составување, при што вкупните нето парични текови се класифицираат во: оперативни (деловни), вложувачки (инвестициони) и финансиски активности. Преку класифицирање на готовинските текови помеѓу различни активности, корисниците ќе можат да го утврдат влијанието на секоја активност врз готовината и еквивалентите на готовина и нивниот меѓусебен однос.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 26 Aug 2016 11:26 |
Last Modified: | 26 Aug 2016 11:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16100 |
Actions (login required)
View Item |