Меѓународни финансии - практикум

Boskov, Tatjana (2016) Меѓународни финансии - практикум. ISBN 978-608-244-306-5.

Full text not available from this repository.

Abstract

Меѓународните финансии се значајна активност во секоја национална економија. Проблематиката на меѓународните финансии е определена од изборот на политиката на девизен курс која, пак, зависи од нивото на развиеноста на националната економија и од степенот на отвореноста спрема странските влијанија. Тоа значи дека успешното финансиско работење со странство во голема мера зависи од познавањето и разбирањето на политиката на дезизниот курс, како и на трендот на нејзините идни промени, во склоп на постојната меѓународна монетарна и финансиска регулатива. Тие овозможуваат да се сфати значењето на политиката на финансиите во остварувањето на макроекономската политика на националните економии и да се определи однесувањето на стопанските субјекти воопшто, особено во сферата на финансиите, девизното работење, банкарското работење како и користењето на инструментите кои се на располагање.

Практичната елаборација ќе им помогне на читателите не само да ја разберат суштината на меѓународните финансии и нивната важност за една економија, туку и да можат да ги дијагностицираат и решаваат евентуалните промени во истата. Практикумот од оваа проблематиката треба да придонесе читателите да се запознаат со значењето на меѓународните финансии и меѓународното финансиско окружување, да ја разбираат проблематиката на однесувањето на девизните курсеви, да го совладаат управувањето со ризиците на девизните курсеви и управувањето со долгорочни и краткорочни средства и извори, сето ова преку задачи и понудени решенија на проблемите кои постојат во реалноста.Преминот на теоријата во пракса е од особено значење за да се стекнат потребните вештини поради неопходната квалификуваност на пазарот. Покрај тоа, се дава осврт и на влијанието на економската политика врз девизните курсеви,меѓународната размена и меѓународен паритет на цените и каматните стапки, како и побарувачката за валутни депозити, пазарот на странски депозити, очекуваните повратоци за Еуро депозит, улогата на каматните стапки врз валутни депозити. Исто посебен осврт преку задачи се третира изложеноста на земјата на меѓународните флуктуации, зошто СДИ се разликуваат од домашните инвестиции, како се моделира девизен курс кога постои разлика во реалните каматни стапки на две земји.
На крај читателите ќе се стекнат со предизвикот да научат да ги решаваат проблемите со краткорочното меѓународно финансирање, како и тоа кои се критериумите за краткорочно меѓународно финансирање и како се финансира со портфолио на валути.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Tatjana Boskov
Date Deposited: 19 Aug 2016 10:53
Last Modified: 19 Aug 2016 10:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16089

Actions (login required)

View Item View Item