Примена и употреба на метода на геоелектрично картирање со присуство на вертикален расед

Soldov, Trajan (2016) Примена и употреба на метода на геоелектрично картирање со присуство на вертикален расед. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Magisterski trud 2016-Trajan Sholdov.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Magisterski trud 2016-Trajan Sholdov.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Краток извадок:
Употребата на геоелектричните методи е многу значајна при подетално моделирање на геолошки истражен простор. Геоелектричните методи се базираат на регистрирање на промените врз електричното поле кои зависат од спроводливите карактеристики на геолошките средини. Определувањето на адекватната геоелектрична метода најмногу зависи од геолошката структура на испитуваната средина, граничните површини како и геомеханичките параметри.
Во научниот труд ќе биде обработена употребата и интерпретацијата на методата на геоелектрично картирање поради присуството на вертикални и на стрмно накосени гранични површини во испитуваната средина. Методата на геоелектрично картирање е изведена во Венеров мерен распоред кој е составен од две струјни и две потенцијални електроди. Четирите електроди се поставени на растојание „а“ и подеднакво оддалечени една од друга. Со секое ново мерење целиот мерен диспозитив се поместува по должина на мерната површина. Според тоа за секое растојание „а“ се добиваат модели што ја моделираат средината на иста длабочина низ повеќе точки хоризонтално по должина на мерната површина. Со таквиот начин на моделирање можат да се детектираат различните геолошки средини одделени со вертикална гранична површина. Геоелектричните модели претставуваат модели на привиден електричен отпор и се изработени синтетички преку податоците добиени од геолошките и од геомеханичките испитувања. Со зголемување на растојанието „а“ меѓу струјните и потенцијалните електроди се зголемува и длабочината на испитување.
Во последната фаза во овај труд е изработена интерпретација на моделите добиени за секое растојание „а“ и врз основа на овие податоци се изработува геоелектричен модел на целиот истражен простор на кој се претставени сите геолошки средини определени преку нивниот специфичен електричен отпор, како и вертикалните и стрмно накосени гранични површини.
Примена и употреба на метода на геоелектрично картирање со присуство на
вертикален расед
 Клучни зборови: геоелектрични методи, специфичен електричен отпор, геолошка структура, геоелектричен модел, интерпретација.
.
Примена и употреба на метода на геоелектрично картирање со присуство на
вертикален расед
Application and usage of the method of geoelectrical mapping with presence of vertical fault
 Abstract:
The usage of the geoelectrical methods is very important for more detailed modelling of geologically investigated environments. The geoelectrical methods are based on registration of the changes on the electrical field, which depends on the conductive characteristics of the geological environments. The determination of the most adequate geoelectrical method mostly depends from the geological structure of the investigated area, the boundary surfaces that separates the different geological structures as well as the geomechanical parameters.
Because of the presence of vertical and steeply inclined boundary surfaces in the investigated environment in this paper is elaborated the usage and interpretation of the method of geoelectrical mapping. The method of geoelectrical mapping is performed with Wenner layout of the measuring dispositive which is composed of two current and two potential electrodes. The four electrodes are placed on distance „a“ and are equally distanced from each other. With every new measurement the whole measuring array is moved along the measuring area. Therefore for every distance „a“ are obtained models that are modelling the investigated area at same depth through multiple points horizontally along the measuring area. This kind of modelling can detect the different geological structures that are separated with vertical boundary surfaces. When increasing the distance „a“ between the current and potential electrodes proportionally is increased the depth of the geoelectrical examinations. The geoelectrical models represent models of apparent electrical resistivity and are made synthetically through the data obtained from the geological and geomechanical examinations.
The last phase in this paper is the process of interpretation of the models obtained for every distance „a“ between the electrodes. On the basis of these data, a geoelectrical model is made for the entire investigative area in which are presented the geological structures defined by their accurate specific electrical resistance as well as the vertical and steeply inclined boundary surfaces that are separating them.
Примена и употреба на метода на геоелектрично картирање со присуство на
вертикален расед
 Key Words: geoelectrical methods, specific electrical resistance, geological structure, geoelectrical model, interpretation.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 05 Aug 2016 08:49
Last Modified: 05 Aug 2016 08:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16072

Actions (login required)

View Item View Item