Електромагнетен смог на територијата на град Штип

Penova, Marija (2016) Електромагнетен смог на територијата на град Штип. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Марија Пенова - Електромагнетен смог на територија на град Штип - Магистерски Труд1112.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Марија Пенова - Електромагнетен смог на територија на град Штип - Магистерски Труд1112.pdf

Download (34MB) | Preview

Abstract

Краток извадок:
Во модерниот свет, речиси да не постои човек кој повеќе или помалку не е изложен на нејонизирачко електромагнетно зрачење кое потекнува од модерните електрични уреди што ги употребуваме во секојдневниот живот. Радиофреквентното електромагнетно зрачење е невидливо, но, кога би можеле да го видиме, тоа би изгледало како магла насекаде околу нас, со посебно густи „облачиња“ околу луѓето кои зборуваат преку мобилни телефони. Особено густи облаци од континуиран електромагнетен смог „би забележале“ околу антенските столбови преку кои се емитува радио и ТВ програма, како и околу антените на базните станици за мобилна телефонија. Ваквото нејонизирачко електромагнетно зрачење понекогаш го нарекуваме „електромагнетен смог“. Зборот смог е изграден од два англиски збора: „smoke” - што значи чад, и „fog” - што значи магла. Како и вистинскиот смог, електромагнетниот смог исто така може да има сериозно негативно влијание по здравјето на луѓето и живите организми, особено ако јачината на електромагнетното зрачење е поголема од препорачаната гранична вредност. Во текот на изработката на овој магистерски труд, направив голем број мерења на јачината на електромагнетните зрачења на повеќе точки во градот Штип. Резултатите од овие мерења, анализа на добиените вредности, како и нивна компарација со законската регулатива се составен дел од овој труд.
Клучни зборови
Електромагнетен смог, Реадиофреквентно зрачење, Електромагнетно загадување, Електромагнетни бранови, Радиофреквентно загадување, Загадување, Зрачење, Мерење, Електромагнетна изложеност, Електромагнетен спектар, Изложеност, Нејонизирачко зрачење, нејонизирачко загадување, Јачина на поле, Електрично поле, Јачина на електрично поле, Ниво на зрачење, Штетно зрачење, Спектрална анализа, Стандарди, Марија Пенова, Штип, Македонија, ФПТН,
5
ELECTROMAGNETIC SMOG in Shtip, Republic of Macedonia
Abstract:
In the modern world, nearly all of us are exposed to weak non‐ionising electromagnetic radiation from all sorts of modern electrical appliances which we use in everyday life. If we could see it, it would look like a fog over almost everything, with particularly dense patches around people using mobile phones and “Dect” cordless phones. There would be other dense patches hovering permanently over GSM base stations, Radio and TV transmitter antenna towers and Wi‐Fi routers. Such non-ionizing electromagnetic radiation, sometimes we call it “electromagnetic smog”. The word “smog” coming from two English words: “smoke” and “fog”. Like real smog, it can have serious effects on our health, especially if electromagnetic radiation level is greater than the recommended limit. In this master`s thesis, I have measured the level of that RF-electromagnetic radiation in many characteristic points and public locations in Shtip, Republic of Macedonia. The results and analysis of those measurements as well as their comparison with the legislation, are part of my master`s thesis in this paper.
Keywords:
Electromagnetic smog, measure, RF radiation, Electromagnetic radiation, RF pollution, Radio frequency radiation, Radio frequency pollution, Pollution, Electromagnetic exposure, RF pollution, EMF, SAR, Specific Absorption Rate, Non-ionizing radiation, RF Field strength, Electromagnetic field strength, measure, measurements, Spectrum analyzer, RF spectrum, electromagnetic spectrum, GSM, ICNIRP, Shtip, Stip, Macedonia, Republic of Macedonia

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 19 Aug 2016 10:47
Last Modified: 19 Aug 2016 10:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16067

Actions (login required)

View Item View Item