Евалуација на современите полимери - предизвик во протетската дентална рехабилитација

Kovacevska, Ivona and Petrovski, Mihajlo and Sabanov, Erol and Apostoloski, Pavle (2016) Евалуација на современите полимери - предизвик во протетската дентална рехабилитација. In: Прв конгрес на специјалисти по протетика со меѓународно учество, 24-26 June 2016, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of PROTETSKI KONGRES 24.06..pdf]
Preview
Text
PROTETSKI KONGRES 24.06..pdf

Download (3MB) | Preview
[thumbnail of PROGRAMA.pdf]
Preview
Text
PROGRAMA.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Биополимерите се материјали врз основа на PEEK (поли-етер-етер-кетони) или PEKK (поли-етеркетон-кетон) и се создадени со цел да се задоволат современите барања во стоматолошката протетика и имплантологија. Големиот интерес за биополимерите се должи на нивните оптимални физички и естетски својства. Тоа е пред се поради тоа што биополимерите имаат долгорочна стабилност и одреден степен на свиткување и голема цврстина.
Бројни се индикациите за нивна примена во стоматологијата и тоа: за припрема на моделите и на отисоците, за различни фиксни и мобилни протетски надоместоци, добивање на индивидуални абатмени на импланти. Употребата на овие материјали заедно со CAD/CAM системот ги прави „материјали на иднината“.
Биоматеријалите од оваа група имаат бројни предности: со нив може да се изработуваат безметални протетски надоместоци, имаат еластичност слична на коската, силна отпорност кон абразија и корозија, радиолусценснти се и имаат долготрајна биокомптабилност.
Бројните индикации и предности на биополимерите, како и нивната биокомпатибилност, укажува на тоа дека овие материјали може да понудат решение на бројни актвивности во реставративната стоматологија и стоматолошката протетика.
Клучни зборови: биолошка стабилност, композитни материјали, биополимер, биокомпатибилност, PEEK, PEKK.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 12 Jul 2016 10:09
Last Modified: 12 Jul 2016 10:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16042

Actions (login required)

View Item View Item