Социјалните претпријатија и нивната улога во зголемување на економскиот развој

Nuskova, Simona and Temjanovski, Riste (2016) Социјалните претпријатија и нивната улога во зголемување на економскиот развој. Yearbook, Faculty of Economics, 9. pp. 221-238. ISSN 1857- 7628

[thumbnail of Zbornik_ekonomski 2016 .pdf]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski 2016 .pdf

Download (19MB) | Preview

Abstract

Интересот за нови облици на производство и услуги, потекнува од реалните потреби да се компензира опаѓањето на економскиот раст, и на неконвенционален начин да се дополни мрежата на државните и приватните програми за социјална политика. Развојот на социјалното прептриемништво и наглиот пораст на овој вид на претпријатија се поврзува со порастот на невработеноста, а посебно на оние групи на луѓе кои не се фаворизирани во класичните активности на претпријатијата (долгорочно невработените, лица со инвалидитет, социјално загрозени категории), порастот на социјалните проблеми и економските кризи во државите се поврзува со недостаток на државни програми кои би пружиле специфични социјални услуги.
Во овој труд e даден осврт на проблематиката со која што се соочува еден дел од популацијата, односно на застапеноста на Социјалното претприемништво во одделни држави каде што маргинализирана група на граѓани имаат потешкотии за нормален развој и опстанок во општеството и со кои дејности социјалното претприемништво и социјалните прептријатија придонесууват до решавање на проблемите со кои што се соочуваат одреднеи категории на луѓе. Со оглед на тоа дека програмите кои што ги поттикнува социјалното претприемништво директно креираат вработување или организират обука за вработување, а посебно на оние социјални групи кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, стимулирањето на државите со различни програми од Европската унија е значаен за развој на овој вид на претпријатија.
Социјалните претпријатија и задругите кои превземаат социјална одговорност, за еден дел од популацијата каде што се потребни посебни напори и поттик за зајакнување на социјалната кохезија, постанаа значаен солб на современата држава и имаат значајна улога во подобрување на економската состојба и зголемување на економскиот развој.
Клучни зборови: социјални претпријатија, социјална економија, солидарност, организациска култура

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Riste Temjanovski
Date Deposited: 12 Jul 2016 09:57
Last Modified: 12 Jul 2016 09:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16036

Actions (login required)

View Item View Item