Улога на сестрата кај пациенти со Коронарна артериска болест

Nikolovska Cvetkovska, Snezana (2016) Улога на сестрата кај пациенти со Коронарна артериска болест. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Улога на сестрата кај пациенти со коронарна артериска болест.pdf]
Preview
Text
Улога на сестрата кај пациенти со коронарна артериска болест.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Коронарната болест во денешно време во развиените земји е една од најголемите причина за смртност. Коронарна артериска болест (КАБ) представува стеснување на коронарните артерии предизвикана од атеросклероза, која настанува како резултат на таложење на масни наслаги, се формираат плаки на внатрешната површина на ѕидот на коронарните артерии. Таложењето на масните субстанции доведува до стеснување на артериите т.н. стеноза, која доведува до намалено снабдување на срцевиот мускул со крв и кислород. Тромб исто така може да доведе до намалување на луменот или потполна оклузија (потполно затворање на коронарната артерија). Кога имаме комплетна стеноза на коронарната артерија 100% настанува исхемија на миокардот. Коронарната артериска болест може да доведе до: Акутен миокарден инфаркт (со ST-сегмент елевација или без ST-сегмент елевација), Ангина пекторис (стабилна, нестабилна, вазоспастична), Акутен коронарен синдром, Хронична исхемична болест, ненадејна срцева смрт, асимптоматска миокардна исхемија.
Ризик фактори кои доведуваат до КАБ се: зголемени вредности на холестерол во крвта, гојазност, намалена физичка активност, зголемен крвен притисок, пушачи, луѓето со дијабетес, како и луѓето кои имаат генетска предиспозиција (во фамилијата има случаи со коронарна болест).
Симптоми - Најчест симптом на КАБ е градна болка, која се јавува во средишниот дел на градниот кош и се шири ретростернално, во левата рака, поретко во десната рака, долната вилица, вратот, грбот и во епигастриумот. Болката е обично тапа, во вид на притисок, стегање, може да се јави во вид на печење или јака интензивна болка. Болката најчесто е пропратена со чуство на страв, препотување. Тегобите се јавуваат при напор, стрес, возбуда и обично поминуваат со престанок на физичкиот напор, кога пациентот ќе се смири. Времетраењето на болката е многу важна. Ангинозните болки не траат подолго од 5-10 минути и престанува кога пациентот ќе се смири или ке земе таблета Нитроглицерин. Доколку болката трае подолго од 20 минути можно е да се работи за миокарден инфаркт.
8
Дијагностички методи – физикален преглед, електрокардиограм (ЕКГ), лабораториски испитувања (липиден статус,тропонин, CK-MB, гликемиа, крвна слика...), ергометрија, доплер ехокардиографија, миокардна перфузиона сцинтиграфија, коронарна ангиографија итн.
Лекување и третман на пациенти со СТЕМИ – болнички третман во ЕИКН каде е под постојан ЕКГ мониторинг, мерење на крвен притисок, пулсна оксиметрија и инвазивно мерење на централен венски и артериски притисок. Тераписко лекување е со анксиолитична и аналгезична терапија (морфин, диазепам), реперфузиона терапија (фибринолиза, стент или бајпас), анти-тробоцитна терапија (АСА), антикоагулантна терапија (хепарин), антиисхемична терапија (бета-блокатори, АКЕинхибитори, нитрати, статини).
Секогаш првиот контакт на пациентот е со медицинската сестра која накратко зема сестринска анамнеза. Улога на сестрата е постојано да го набљудува пациентот од приемот во болница до неговото излегување бележејќи ги сите промени за кои го известува лекарот. Сестрата им објаснува на болните за нивните заболувања со поедноставен јазик за да можат да ја разберат природата на нивната болест како би можеле и самите болни да соработувааат и да ја земаат препорачаната терапија, да спроведуваат хигиено диететски режим и со тоа да придонесат за нивното побрзо оздравување.
Клучни зборови: Коронарна артериска болест (КАБ), градна болка, СТЕМИ.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Jul 2016 09:34
Last Modified: 12 Jul 2016 09:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16014

Actions (login required)

View Item View Item