Улогата на кинезитерапијата при рехабилитација на парализа на n. facialis

Trajcevski, Aleksandar (2016) Улогата на кинезитерапијата при рехабилитација на парализа на n. facialis. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Specijalisticki trud - Aleksandar Trajcevski.pdf]
Preview
Text
Specijalisticki trud - Aleksandar Trajcevski.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Заболувањето на нервот на лицето (n.facialis) е на прво место помеѓу
периферните невритиси, како по зачестеност, така и по значење на
функционалните нарушувања. Парализата на n. facialis уште се нарекува и
Белова парализа - по името на нејзиниот пронаоѓач. Според многу автори
главен фактор за појавата на Беловата парализа е вирусната инфекција и
настинката. Болеста се јавува најчесто во текот на студените месеци од
годината или после изложување на главата на ладно, ветар, провев, отворен
прозорец и сл. За време на инфекцијата, во каналот низ кој поминува нервот
(canalis n.fasialis), настанува едем кој што доведува до притисок врз нервните
влакна и крвните садови кои го снабдуваат нервот со инервација и циркулација.
Исто така, голем број научници претпоставуваат дека причината за инфекција е
вирус herpes simplex тип 1. Причина за овие претпоставки е зголемената
количина антитела против вирусот во крвта на пациенти со парализа на
фацијалниот нерв.
Оштетувањата на n. facialis односно неврит на лицевиот нерв, се
манифестираат со неподвижност на една страна на лицето. Лицевата парализа
може да ги засегне како мажите така и жените, но почесто се среќава кај
постарите луѓе.
При неврит на n. facialis најголем акцент се става на раното откривање,
правилно дијагностицирање на оштетувањето и што побрзо започнување со
рехабилитација.
Успехот од рехабилитацијата зависи од причините, обемот на функционалното
оштетување на лицевиот нерв и времето на започнување на лекувањето.
Покрај медикаментозната терапија при рехабилитацијата на парализата на
лицевиот нерв, значајно место има физикалната терапија, но кинезитерапијата
е најважен дел од сите процедури за враќање на изгубената функција на
фацијалниот нерв.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 08 Jul 2016 10:52
Last Modified: 08 Jul 2016 10:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16001

Actions (login required)

View Item View Item