Управување со ризиците во финансиското работење со посебен осврт на кредитниот ризик

Dimitrova, Janka (2016) Управување со ризиците во финансиското работење со посебен осврт на кредитниот ризик. Годишен зборник 2016, Економски факултет, 8 (9). ISSN 1857-76-28

[thumbnail of УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА КРЕДИТНИОТ РИЗИК (2).pdf]
Preview
Text
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА КРЕДИТНИОТ РИЗИК (2).pdf

Download (480kB) | Preview
[thumbnail of Zbornik_ekonomski 2016 jj.pdf]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski 2016 jj.pdf

Download (995kB) | Preview

Abstract

Сведоци сме дека ризиците од финансиското работење а посебно кредитниот ризик и ефикасното управување со нив, како за поодделните банки така и за банкарските системи – системите на националните економии, но и за системот на глобално ниво, се од огромно значење. Оттука произлегува и мотивацијата за избор на оваа тема за предмет на истражување. Нејзиното значење посебно се гледа во нејзината актуелност. Во последно време оваа тема доби доста простор помеѓу останатото и затоа што кредитниот ризик е оценет како еден од причинителите на големата хипотекарна криза која го зафати прво стопанството на САД, a потоа се прошири на целиот свет. Недоволно строгите критериуми при одобрување на кредити и неадекватните оценки кои рејтинг агенциите им ги доделувале на поодделни компании а врз основа на кои тие понатаму се задолжувале, иако не биле доволно кредитно способни, доведоа до тоа да голем број на кредити останат ненаплатени што резултираше со големи загуби за инвеститорите и банките.
Имајќи го предвид претходно изнесеното, за да се избегне ризикот или барем да се намали и доведе до прифатливи граници потребно е ризикот е да се анализира и управува. Анализата на ризикот треба да укаже на клучните точки и процеси на настанување на ризикот. Управувањето со кредитниот ризик е важен фактор за успешно работење на банките.
Клучни зборови: финансиско работење, финансиски ризик, кредитен ризик, каматни стапки

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 29 Sep 2016 10:25
Last Modified: 29 Sep 2016 10:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15981

Actions (login required)

View Item View Item