Kocova, Zaklina (2016) Нега и третман на пациенти со цереброваскуларни заболувања во период од 2010-2014 година во општина Велес. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
LMZaklina specijalisticki trud koregiran nov. (3).pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Цереброваскуларните болести се пореметувања во чии рамки еден или повеќе крвни садови на мозокот се примарно оштетени низ патолошки процес, а притоа дел од мозокот или целиот мозок е привремено или трајно оштетен од исхемија или крварење.
На годишно ниво во светски рамки, пет милиони и седумстотини илјади луѓе умираат од мозочен удар. Всушност, цереброваскуларната болест е трета најчеста причина за смрт. Во регионот, во просек на секои 20 минути умира по едно лице од мозочен удар, а на секој час умира лице од срцев удар. Притоа, мозочниот удар е болест која што во голема мера се повторува, односно една третина од пациентите имаат нов напад, пет години по предходниот. Цереброваскуларните заболувања стануваат прва причина за скратување на животниот век на мажите и жените во Република Македонија.
Превенцијата на овие заболувања подразбира идентификација, отстранување и лечење на факторите за ризик на популацијата пред појава на симптоми на цереброваскуларните заболувања. Секундарната превенција се однесува на отстранување или намалување на пројавениот ризик од болниот.
Целта на овој труд е да посочи на потребната нега и третман на пациенти со цереброваскуларни заболувања. Притоа, со цел добивање на сеопфатност на состојбата во рамките на Република Македонија, спроведено е истражување на Невропсихијатриското одделение во Општина Велес, за временскиот период 2010-2014, според демографски податоци на пациентите од цереброваскуларни болести. При обработка на податоците се користи дескриптивен, епидемиолошки и социјално-медицински метод на работа со статистичка обработка и приказ.
Од добиените резултати од истажувањето се увидува дека најголем дел од пациентите со цереброваскуларни заболувања во дадената временска и
7
просторна рамка се претставници на машкиот пол; пациенти кои живеат во градска средина; на возраст од 71-80 години; најчесто невработени лица без значителна физичка активност.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: Мозочен удар, цереброваскуларна исхемија, цереброваскуларна хеморагија.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 08 Jul 2016 10:31 |
Last Modified: | 08 Jul 2016 10:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15972 |
Actions (login required)
View Item |