Перењето пари, нивното влијание врз националните економски перформанси и преземање на неопходните мерки од превенција, со посебен осврт на Република Македонија

Tonevski, David (2016) Перењето пари, нивното влијание врз националните економски перформанси и преземање на неопходните мерки од превенција, со посебен осврт на Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of давид 09.06.2016-pdf.pdf]
Preview
Text
давид 09.06.2016-pdf.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Перењето пари претставува процес кој гo користат недостатоците на
националните економии со цел да овозможи брз трансфер на профит. Во
услови на глобализација и отвореност на националните економии процесот на
следење на перењето пари и финансискиот криминал станува сѐ
покомплексен.
Севкупниот проблем кој излегува од процесот на перење пари посебно е
изразен во Република Македонија, како и во сите земји во транзиција, каде што
се создадоа суштински промени во однос на природата на казнивите дела, па
така врз основа на помошта на измамите и организираниот криминал се
создадоа значителни незаконски приноси што го попречуваат развојот на
пазарната економија и демократија.
Она што е карактеристично за процесот на перење пари е тоа што овој
процес не ги засега деловните субјекти и институциите на системот, туку истиот
поседува комплетно влијание врз секојдневниот живот на обичните граѓани, па
врз основа на ова перењето пари може да создаде ширење на девијантните
појави во општеството, како и потенцијална опасност која може да се појави
како резултат на преземање на управувањето со финансиските институции од
страна на криминалните групи, корелација помеѓу даночното одбегнување и
перењето пари, како и нелојална конкуренција помеѓу субјектите коишто перат
пари и чесните компании.
Клучни зборови: перење пари, криминал, глобализација, Република
Македонија

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 28 Jun 2016 14:04
Last Modified: 28 Jun 2016 14:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15941

Actions (login required)

View Item View Item