Dimova, Cena and Zlatanovska, Katerina and Popovska, Lidija (2016) Евалуација на апикална коренска морфологија на горни и долни премолари. In: Прв македонски конгрес на орална и имплантна хирургија со меѓународно учество, 02-04 June 2016, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
Табела-со-распоред-на-усни-презентации.pdf - Published Version Download (278kB) | Preview |
Preview |
Text
Abstract Book Congress 2016.pdf - Published Version Download (3MB) | Preview |
Slideshow
DIMOVA CENA.pptx - Presentation Download (2MB) |
Abstract
Вовед: Успехот на апикотомиите, како и на конзервативната коренска канална терапија се зависни од темелното познавање на корените, коренските канали и апикалната коренска морфологија, со намера да се лоцираат сите канали и правилно да се исчистат според обликот и нивно тродимензионално запечатување.
Цел: Целта во нашето истражување беше да се утврди морфолошката форма и позицијата на коренскиот врв и големина на апикалниот форамен кај максиларни и мандибуларни премолари.
Материјал и метод: Беа анализирани вкупно 150 хумани горни и долни премолари со оформен врвови. Секој коренски примерок е измерен како и секој коренски врв со помош на електронска микроскопија и зголемување 20-200 пати. Беа нализирани следниве анатомски параметри: форма и периферни контури на главниот апикален отвор (заоблен, овален, асиметричен, полумесечест) и на коренскиот врв (заоблен, рамен, закосен, елипсовиден). Локацијата на главниот апикален отвор беше класифицирана како централна, букална, лингвална, мезијална или на дистална површината на коренскиот врв.
Резултати: Резултатите на интерната канална морфологија покажаа дека по еден канал беше присутен во 77% од забите. Два или повеќе канали се утврдени кај 23% од анализираните заби. Еден апикален форамен е утврден во 80% на забите, а кај 20% имаше два или повеќе апикални отвори.
Заклучок: Најчеста морфологијата на коренскиот врв беше со тркалезна форма, па потоа овална и најчестиот облик на главниот отвор беше заоблен, по овален. Врвот на коренот беше најчесто во центарот на сите заби, а потоа следеа дисталната и букалната локација.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 06 Jun 2016 09:41 |
Last Modified: | 06 Jun 2016 09:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15910 |
Actions (login required)
View Item |