Gulaboski, Rubin and Cvetkovski, Aleksandar (2016) Физичка хемија за фармацевти. ISBN 978-608-244-304-1.
Full text not available from this repository.Abstract
Скрипта, со наслов „Физичка хемија за фармацевти“ е прво издание што се појавува во облик на учебно помагало за подготовка на предметот Физичка хемија. Наменета е за потребите на наставната содржина по предметот Физичка хемија, предвиден во академска програма за Фармација во рамките на факултетот за медицински науки, при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Искуството од реализирани теоретска и практична настава наметна потреба да се конципира првото издание за учебно помагало по предметот физичка хемија.
Брзиот развој на новите фармацевтски дисциплини, чија интердисциплинарност во истражувањата на нови лекови и формулациите за дозирани лековити облици, како и нивните меѓусебни интеракции и интеракциите со храна и со агенсите, присутни во животната и работната средина на човекот, наметнуваат потреба фундаменталните физичко-хемиските феномени, кои се предмет на проучување на физичката хемија, за потребите на студиската програма за академски профил Магистер по фармација, да се изучуваат на карактеристични системи како што се организмот на човекот и животните, растителниот свет, лабораториски и производни процеси во кои се одвива синтеза или изолација на фармаколошки активните принципи, нивното преведување во лековити супстанции, понатамошно нивно формулирање во лековити дозирани форми и последователно следење и контрола на нивниот квалитет, базиран на хемиската и физичката стабилност во услови на промет, чување и примена во терапија, а во рамките на пропишаниот рок за нивната употреба.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Mirjana Kocaleva Vitanova |
Date Deposited: | 01 Jun 2016 13:24 |
Last Modified: | 02 Jun 2016 07:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15898 |
Actions (login required)
View Item |