Управни спорови - предности и недостатоци и нивно влијание врз прекршочната постапка

Najdovski, Dejan (2015) Управни спорови - предности и недостатоци и нивно влијание врз прекршочната постапка. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_lektura Dejan KONECEN TRUD (2).pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_lektura Dejan KONECEN TRUD (2).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Денес во модерната правна теорија воопшто не е спорно дека судијата решавајќи и постапувајќи во управен спор има извесна самостојност при примената на правото. И покрај определените контрадикторни мислења, најголемиот број теоретичари се согласни дека судовите се однесуваат спрема нормите кои се настанати врз основа на управно-судската практика како истите да претставуваат законски норми според кои неопходно мора да се постапува. Потребно е да се нагласи дека управниот спор во нашата земја сè уште не е доволно развиен, со определени недоречености и празнини кои во практиката ја отежнуваат работата на судовите. Управниот спор како правен институт на ниво на Република Македонија е уреден со посебен закон од 2006 година, и тоа Законот за управните спорови.
Принципите и постулатите на правната држава се исполнуваат во оној момент кога од страна на државата ќе се спроведе судска контрола над законитоста на актите на администрацијата. Оваа контрола мора да биде спроведена од страна на независни и непристрасни судови во државата. Оваа независност и непристрасност на овие судови мора да биде основна одлика од причина што голем дел од дејноста на администрацијата во основа е правна и, доколку не биде строго и правно врзана и контролирана, се отвораат многу широки можности за масовни кршење на начелото на законитост, со што почнуваат да се разнишуваат темелите и постулатите на една правна и демократска држава.
Клучни зборови: управа, судска контрола, управно-судска практика

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 23 May 2016 09:13
Last Modified: 23 May 2016 09:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15864

Actions (login required)

View Item View Item