Niceva Tikvesanska, Violeta (2015) Развојот на граѓанското општество во Република Македонија: Финансирањето на граѓанскиот сектор од општинските буџети. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_Violeta Niceva Tikvesanska - Magisterski trud.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Граѓанскиот сектор игра клучна улога во градењето на демократското оп-штество и унапредување на квалитетот на животот како на национално така и на локално ниво. Можностите за искористување на локалните фондови се чекор напред кон финансиски стабилни и донаторски независни организации. Новиот Закон за здруженија и фондации со можноста за реализирање на економски ак-тивности од страна на организациите, позитивно придонесува за развојот на граѓанскиот сектор и неговата видливост во заедницата. Според стратегиите на Владата за соработка со граѓанскиот сектор, властите ги поддржуваат организа-циите во напорот кон развивање на силен и независен граѓански сектор со што предвидуваат и финансиска поддршка која се реализира на неколку начини. Се-која година во буџетската ставка „463 – Трансфери до невладини организации“ се планираат средства за поддршка на граѓанскиот сектор, со напомена дека од овие средства се поддржуваат и спортските клубови, верските заедници, синди-катите и политичките партии. На локално ниво со оваа ставка оперираат Локал-ните самоуправи, односно Советите на општините и градоначалниците. Во раз-лични општини, на различни начини се распределуваат средствата од општин-ските буџети за поддршка на локалните граѓански организации. Во 10 општини во Република Македонија (Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Кичево, Ма-кедонски Брод, Дебар, Струга, Битола, Могила и Новаци) се истражуваа финан-сиските и буџетските практики на општините за алокација на средства до граѓан-ските организации. Иако во некои општини постојат критериуми за распределба на средствата и објавуваат јавен повик за тоа, сепак се утврди дека средствата наменети за граѓанските организации од општинските буџети, генерално се распределуваат на нетранспарентен начин, без методологија за распределба според волјата на локалните власти.
Клучни зборови: здруженија, фондации, граѓански организации, граѓански сектор, граѓанско општество, непрофитност, донатори, финансирање.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandar Tolev |
Date Deposited: | 23 May 2016 09:06 |
Last Modified: | 23 May 2016 09:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15862 |
Actions (login required)
View Item |