Преземање на акционерските друштва со посебен осврт на мерките за одбрана од непријателско преземање

Garvanska Goceva, Sonja (2015) Преземање на акционерските друштва со посебен осврт на мерките за одбрана од непријателско преземање. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of MA.pdf]
Preview
Text
MA.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Развојот на корпоративната контрола на пазарот, како основа за натпревар меѓу тимовите на менаџери за управување со корпоративните ресурси, го надмина традиционалниот однос меѓу акционерите, менаџерите и останатите носители на акции-стејкхлодери(stejkhloderi). Опортунистичкото и неефикасно работење на менаџментот, благодарение на корпоративната контрола на пазарот, се надмина со преземањето на друштвата. Колку е поголема границата меѓу вистинските и потенцијални резултати во едно друштво, стекнувачот ќе упатува сериозен напад, а пак тоа ќе ги натера менаџерите на целното друштво се повеќе да ја максимизираат вредноста на друштвото, плашејќи се дека со преземањето ќе бидат сменети. Тоа ги поттикнува менаџерите да користат дефанзивни стратегии за заштита од пазарната корпоративна контрола.
Во Република Македонија, без разлика на правната рамка за институтот преземање, останува констатацијата дека преземањето на друштвата е врзано за друштва со странски капитал. Најголемиот дел мерки за непријателско преземање се спротивни на добрите деловни обичаи во смисла на статутарно трговско право. Неукоста, а и желбата за заштита на сопственичките интереси во акционерската капитална структура, придонесува кон имплементирањето клаузули кои значат максимална протекција на позицијата на бордот на директори и нарушување на основното граѓанско право на сопственост, кое во рамките на корпоративното управување значи право на држење, користење и располагање со предметот (jus utendi, fruendi, abutendi).

Клучни зборови: компании, стратегија, преземање, сопственост, корпоративнa контрола

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 23 May 2016 09:02
Last Modified: 23 May 2016 09:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15859

Actions (login required)

View Item View Item