Zdravkov, Riste (2015) Јавната свест во борбата против корупцијата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_Magisterski trud-Riste Zdravkov.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Само мал број на граѓански организации од земјава, се запознати со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатирало уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата. За жал, оваа состојба важи и денес. Граѓанскиот сектор ја избегнува својата обврска, но и одговорност да ги поврзе проблемите во секторите во кои работи со корупцијата. Имено, граѓанските организации не вклучуваат антикорупциски елементи, како дел од своите активности во областите на делување: здравство, образование, заштита за животна средина, родова еднаквост, човекови права…
Немајќи доволно капацитети, ниту волја, се чини дека граѓанските организации имаат сè помалку интерес да се справат со еден од клучните приоритети, не само за европската интеграција на земјата, туку и за подобрување на животот воопшто – борбата против корупцијата. Ваквата ситуација е неприфатлива, имајќи предвид дека граѓанските организации треба да бидат главната движечка сила за зголемување на транспарентноста на институциите и за намалување на корупцијата.
Недостатокот од знаење за проблемот на корупцијата и малото учество на граѓанските организации во активностите т.н. „вочдог“ сeуште позначајни на локално ниво, каде што можностите за злоупотреба на јавно доверената моќ за личен интерес се поочигледни, особено по децентрализацијата на власта, кога повеќето од важните овластувања се пренесени од централно на локално ниво.
Ова вклучува теми како: поим и видови корупција, најранливи сфери за корупција, како и улогата на граѓанскиот сектор во превенција и репресија на корупцијата. Идејата е да се зголемат познавањата на невладиниот сектор за проблемот со корупцијата и да им се овозможи на невладините организации да ги промовираат принципите на антикорупцијата и доброто владеење во областите на своето делување.
Клучни зборови: невладини организации, медиуми, перцепција на корупцијата, превенција на корупцијата.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandar Tolev |
Date Deposited: | 23 May 2016 08:28 |
Last Modified: | 23 May 2016 08:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15853 |
Actions (login required)
View Item |