Казнено правната политика на РМ во случај на кривични дела поврзани со злоупотреба на постапката за стечаj

Balabanova, Kristina (2015) Казнено правната политика на РМ во случај на кривични дела поврзани со злоупотреба на постапката за стечаj. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Kristina Balabanova (Recovered) 123.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Kristina Balabanova (Recovered) 123.pdf

Download (518kB) | Preview

Abstract

Стечајот е најстрога мерка на престанок на Трговското друштво поради
фактот дека целта е заштита на доверителовите интереси. Во случајов
одлуката за поведување на стечајна постапка ја носи надлежниот суд, а тоа е
судот кај кој друштвото е запишано во трговскиот регистер. Значи волјата на
содружниците (акционерите) не е од значење. Затоа и овој вид на престанок е
принуден. Задачата на органите што ќе го спроведат стечајот е да остварат
впаричување на имотот на должникот и со распределба на остварените
приходи или преку случување на посебен договор за порамнување на
побарувањето утврдено со стечајниот план и насочен кон натамошно
одредување на претпријатието како должник, да се изврши колективно
намирување на доверителите, чии интереси се загрозени заради подолготраен
престој во работењето на друштвото или доведувањето во инсолвентна
состојба.
Стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите
на стечајниот должник со впаричување на должниковиот имот и распределба на
остварените средства (приходи) на доверителите или со склучување на
посебен договор за порамнување на побарувањата утврдени со планот за
реорганизација што е насочен кон натамошно одржување на должниковиот
деловен потфат.
Со реорганизацијата може да се врши и порамнување на побарувањата
пред отворање на стечајната постапка под услови утврдени со Законот за
стечај . Основната цел на стечајната постапка е колективно намирување на
доверителите на стечајниот должник. Со ова е сосема јасно дека сите
доверители се намируваат колективно без притоа да се дава приоритет на било
кој доверител. Порамнувањето може да се врши и пред отворање на стечајната
постапка доколку е предложен план за реорганизација. Основна цел на
постапката е колективно намирување на два начини, и порамнување

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 19 May 2016 13:36
Last Modified: 19 May 2016 13:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15845

Actions (login required)

View Item View Item