Казнено правна помош во кривичната материја

Karceva, Sanja (2015) Казнено правна помош во кривичната материја. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_МАГИСТЕРСКИ ТРУД САЊА КАРЧЕВА.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_МАГИСТЕРСКИ ТРУД САЊА КАРЧЕВА.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Брзиот техничко технолошки
развој во последните педесетина години
доведува до бројни промени кои светот го прават поубаво и поудобно место за
живеење.
Живееме во време на глобализација, во којшто заемната соработка
помеѓу државите во светот, нивната меѓусебна поврзаност и однос остварени
на различни начини преку билатерални, мултилатерални договори,
формирањето на меѓународни организации како Европската Унија, Советот на
Европа, Организацијата на обединетите нации и уште многу други,
допринесуваат во создавањето на“свет без граници”.
Ова е време каде што ниту една држава повеќе не може да биде
изолирана ниту пак да дејствува како единка со свој посебен автономен систем,
надвор од целокупната меѓународна заедница. Ваквата поврзаност помеѓу
државите влијае кон унапредувањето на економијата и политиката во светски
рамки, каде сепак основна и примарна цел е гаранцијата на основните
човекови слободи и права. Меѓутоа, освен придобивките кои се добиени од
вака создадената ситуација на поврзаност помеѓу државите, се јавуваат и
бројни недостатоци кои поради нивното негативно влијание врз современото
живеење се главна цел на меѓународната заедница во постојананиот процес на
сузбивање и спречување.
Еден од главните проблеми на денешницата е криминалот како
општествена негативна појава и неговите развојни форми и облици. Тој како
таков постоел уште многу одамна, но неговите димензии биле далеку помали и
во рамките на една држава , додека денес со создавањето на единствен пазар
без внатрешни граници на ниво на Европската Унија и пошироко, се создава
простор за мобилност на криминалците и лесен, брз и поедноставен начин на
бегство.Отвореноста на државните граници му овозможуваат да зазема се
поголем замав. Се појавуваат нови форми на транснационален криминал, кои
ги надминуваат границите на една држава, заземаат цели територии па и
континенти и доаѓа до интернационализација на криминалот.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 17 May 2016 13:50
Last Modified: 17 May 2016 13:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15830

Actions (login required)

View Item View Item