Транспарентност на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи

Popovska, Irena (2015) Транспарентност на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Magisterski trud.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Magisterski trud.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Врската помеѓу парите и политиката е неизбежна, повторлива и нераскинлива. Оваа зависност создава сериозен ризик за појава на негативни појави како што се корупцијата, судирот на интереси и други посебно кога партијата ја има власта. Во насока на детектирање и надминување на сите предизвици како ефикасно средство се посочува транспарентноста.
Транспарентноста е камен-темелник на финансирањето на политичките партии и изборната кампања. Во насока на зголемување на транспарентноста во финансирањето, политичките партии имаат обврска да изготвуваат точни и целосни финансиски извештаи за редовното работење и изборната кампања, да ги направат достапни до јавноста и навремено да ги доставуваат до надлежните институции. Покрај политичките партии, значаен сегмент во јакнењето на транспарентноста во финансирањето на политичките партии е и ефикасниот институционален систем кој врши надзор и контрола на финансирањето на политичките партии и изборната кампања.
Јавното објавување на податоците за своите финансии од страна на партиите, одговорната внатрешна партиска контрола, ефективното спроведување контрола од надлежните институции и надзорот од надворешните чинители (граѓанско општество, медиуми, гласачи) се од фундаментално значење на секој транспарентен и отчетен систем на политичко финансирање.
Во овој труд е направена анализа на македонскиот систем на финансирање на политичките партии и изборната кампања, со цел да се утврди степенот на внатрепартиската одговорност на политичките партии и ефикасноста на воспоставенит институционален систем на независна контрола кои влијаат на зголемувањето на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборната кампања.
Во овој труд се презентирани и специфичностите на системите на политичкото финансирање во Соединетите Американски Држави и Германија.
Клучни зборови: политички партии, изборна кампања, транспарентност, финансирање, контрола

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 17 May 2016 13:04
Last Modified: 17 May 2016 13:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15829

Actions (login required)

View Item View Item