Претприемнички менаџмент и финансирање на мали претпријатија

Nikolova, Katica (2014) Претприемнички менаџмент и финансирање на мали претпријатија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Катица Николова - 20859.pdf]
Preview
Text
Катица Николова - 20859.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Живееме во време на брзи социо-економски промени. Промените се случуваат на глобално, регионално и на национално ниво. Тие дејствуваат со поголем или помал интензитет на секторот на малите и средни претпријатија.
Не толку одамна, не се посветуваше доволно внимание на секторот мали претпријатија и претприемништво и тоа како од економска, социјална, така и од политичка перспектива. Истражувањата во областа на претприемништвото и малите и средни претпријатија (МСП) не само што беа скудни, туку беа, претежно, академски насочени и, затоа, малку применливи за стратешко планирање при одредување на насоки за создавање и развој на мали претпријатија, претприемништво, како и за креирање на институции и политики со кои би се поддржувало претприемништвото и МСП. Но, промените создадоа притисок и фокусот на општествениот интерес се помести кон претприемништвото и микро и малите претпријатија (ММСП).
Во развиените земји, особено во САД и Англија, во 1990-тите, малите бизниси станаа значаен фактор за социо-економскиот развој поради сè поголемиот број на вработувања во малите претпријатија. Прво, голем број од луѓето кои формираа свои или се вработуваа во малите претпријатија, практично, беа отпуштени кадри од големите компании во 1980-тите и раните 1990-ти. Второ, кај големите фирми се појави забележителен тренд за аутсорсинг на некои од своите активности кај мали претпријатија, процес што беше мошне олеснет со поголемото користењето на Интернетот. Трето, релативната стабилност на економиите во Англија и САД по 1990-тите окуражуваше сè повеќе претприемнички активности. Четврто, појавата на нови економии во светот го забрза глобалниот развој кој, исто така, окуражува сè повеќе претприемнички активности. Затоа, во следните години, може да се очекува дека малите бизниси, во континуитет, ќе играат значајна улога за креирање на нови работни места и за економскиот растеж и, оттука, треба да се посвети должно внимание на
5
истражувањето на претприемништвото и малите претпријатија, како што е и темата на овој магистерски труд.
Малите и средни претпријатија (МСП), се значаен конституент на локалните, регионалните и националните економии и, како такви, потенцијална цел за политики и институционални интервенции. Меѓутоа, треба да се нагласи дека значењето на МСП за која било економија многу зависи од способноста на државата ефективно да си ги исполнува своите улоги. Во таа смисла, економските стратегии кои имаа за цел да ги поддржат МСП и, особено, малите претпријатија треба да се фокусираат на факторите кои го окуражуваат, но и на оние фактори кои го ограничуваат создавањето и растот на тие бизниси.
Емпириските искуства покажуваат дека малите претпријатија имаат многу значајна улога за развојот и тоа од повеќе аспекти. Всушност, малите претпријатија произведуваат 2,5 пати повеќе нови производи отколку големите претпријатија, честопати можат поуспешно да вршат дифузија на некои најнови технологии, речиси по правило, иновациите кај нив се поефективни и поефикасни, тие можат да бидат незаменливи во некои подрачја на производство, а, исто така, можат поефикасно да ги задоволат потребите на релативно мали но специјални пазари.
Основна карактеристика на овие претпријатија претставува нивната поголема флексибилност за прилагодување кон промените на пазарот.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 May 2016 07:53
Last Modified: 17 May 2016 07:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15824

Actions (login required)

View Item View Item