Georgiev, Risto (2016) Планирање на регионални депонии за современ третман и одржливо управување со комуналниот цврст отпад во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__tsclient_D_Riste lektorirano 1.2 FINALEN 2.pdf Download (11MB) | Preview |
Abstract
Образложение за научната, уметничката и стручната оправданост на темата
Научната оправданост на трудот е со цел да се анализираат сите теоретски сознанија поврзани со современиот третман на комунален цврст отпад во контекст со одржливиот развој на локалните самоуправи.
Овој труд треба да ја отслика постојната состојба на актуелните диви депонии во Република Македонија со сите недостатоци во нивното работење. Анализата на моменталната состојба треба да наметне нов пристап во однос на планирање на регионални депонии, менаџментот со отпадот и предлози за нови можности во правец на негово управување.
Поаѓајќи од моменталната состојба, се наметна потреба од истражувања во целокупниот систем на живеење во Република Македонија. Истражувањата ќе се направат и во правец на анализа на сите природно географски (геологија, клима, хидрологија) и економските аспекти кои влијаат на местоположбата за изградба на регионални депонии за современ третман на комунален цврст отпад и нејзиното влијание врз животната средина и стандардот на граѓаните.
Со оглед на сè уште незавршените реформи во комуналната област во нашата земја, како и недостиг на научно – стручни трудови од оваа проблематика, овој труд ќе даде значаен придонес за збогатување на теоретското проучување и одржливиот развој во современиот третман на комуналниот цврст отпад во Република Македонија.
Материјалот којшто е предмет на овој труд, ќе биде систематизиран во вовед, шест глави и заклучок.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Other natural sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Marjan Markov |
Date Deposited: | 16 May 2016 11:15 |
Last Modified: | 16 May 2016 11:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15818 |
Actions (login required)
View Item |