Дискриминација во работниот однос со посебен осврт на мобингот

Nackova, Sanja (2014) Дискриминација во работниот однос со посебен осврт на мобингот. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_magisterska.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_magisterska.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Денес речиси нема појава која е толку силно раширена, а за која толку малку се зборува.
Психичкото малтретирање на работното место е изразито негативна појава во работните средини која предизвикува сериозни проблеми и по вработените и претпријатијата, како и по вкупната општествена заедница.
Мобингот е проблем на современото општество, нов и сè уште недоволно истражен облик на кршење на човековите права. Се однесува воглавно на психичкиот дел, негативно влијае на здравјето и животот, квалитетот на работата, производството и давањето на услуги, продуктивноста, профитабилноста и има значајно влијание на економските губитоци во заедницата.
Психичко вознемирување на работно место е секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде: повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
Мобингот како облик на психичко вознемирување на работното место во Република Македонија е релативно нова појава која во последната деценија предизвикува големо внимание во правната теорија и практика. Проблемот на мобингот стана предмет на интерес и на синдикатите во Македонија, бидејќи тие воочија голема опасност во работните средини од оваа негативна појава. Затоа синдикатите, пред сè најбројниот и најрепрезентативен синдикат во државата, Сојузот на синдикатите на Македонија, со цел да го спречат психичкото малтретирање на вработните, како и да ги заштитат работниците од оваа негативна појава покренаа иницијатива за донесување на Закон за заштита од вознемирување на работното место. Оваа иницијатива резултираше со донесување на посебен Закон на 29.05.2013 година во кој закон детално и прецизно е дефинирана оваа појава.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 16 May 2016 11:13
Last Modified: 16 May 2016 11:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15817

Actions (login required)

View Item View Item