Биоразградливиот отпад, идеална суровина за производство на биогас

Apostolovski, Zoran (2016) Биоразградливиот отпад, идеална суровина за производство на биогас. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Тема - Биогас - Зоран Апостолоски насловна.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Тема - Биогас - Зоран Апостолоски насловна.pdf

Download (136kB) | Preview
[thumbnail of __tsclient_D_Тема - Биогас - Зоран Апостолоски.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Тема - Биогас - Зоран Апостолоски.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Денеска, кога Светот се соочува со сè поголема потреба од енергија, а како последица на тоа, сè поголема е експлоатацијата на природните ресурси, нараснува проблемот со загадувањето на животната средина и глобалното затоплување. Според тоа, прашањето за пронаоѓање и користење на алтернативни и чисти извори на енeргија, се наметнува само по себе.
Проблемот со загадувањето на животната средина и потребата од обновливи извори на енергија, го зголемија интeресот за издвојување на повеќе средства за научно-истражувачка работа за искористување на биоразградливиот отпад, така што во многу земји се градат сè повеќе постројки кои користат биомаса за производство на биогас.
Една од научно-истражените постапки е производството и користењето на биогасот од органскиот отпад, со постапка на анаеробна дигестија. Со дигестија на биоразградливиот отпад во анаеробни услови, без присуство на кислород, се ферментира отпадот и се добива биогас како енергенс, а истовремено, значително се намалуваат паразитите и патогените бактерии за повеќе од 90% со што се заштитуваат подземните води, се намалува одлагањето на отпадот на депониите кој предизвикува загадување на водите и земјиштето, а се добива и квалитетно ѓубриво за земјодеството и други потреби.
Биогасот е многу интересен и значаен извор на енергија. Сите органски материи кои потекнуваат од косење трева, сечење гранки, отпадоците од фармите (пилешки, свински, кравски, овчи и др.), растителна отпадна биомаса од земјоделското производство, можат да се користат како суровина за производство на биогас.
Македонија располага со големи количини од овој тип отпад, па од тие причини има добар предуслов за економично користење на истите и од нив да се добие електрична енергија и топлина.
Со ова се отвораат и можности за слободен пазар на произведена електрична енергија од биогас или произведен метан како гас, за сите
2
потрошувачи, почнувајќи од најголемите, па се до индивидуалните домаќинства, стопанските субјекти, а особено претпријатијата за гасификација на градовите, плинските станици и други.
Клучни зборови:
Енергија, метан, топлина, органско ѓубриво

Abstract
Today, when the world is facing a growing need of energy, and consequently, greater exploitation of natural resources, grows the problem of environmental pollution and global warming, the issue of finding and using alternative and clean sources energija, imposes itself.
The problem with environmental pollution and the need for renewable energy sources, increased interes to allocate more funds for scientific research for utilization of biodegradable waste, so in many countries to build more plants that use biomass to produce biogas.
One scientifically researched procedures, the production and use of biogas from organic waste in the process of anaerobic digestion. By digestion of biodegradable waste under anaerobic conditions in the absence of oxygen, is fermented waste is obtained biogas as fuel while significantly reducing patogeniet parasites and bacteria by 90% in order to protect groundwater decreases disposal of waste landfills causing pollution of water and land, and receives zemjodestvoto quality fertilizer and other necessities.
Biogas is a lot of interesting and important source of energy. All organic matter derived from mowing the grass, cutting branches, waste from farms (chicken, pig, cow, sheep, etc.), vegetable waste biomass from agricultural production, can be used as raw material for biogas production.
Macedonia has a large amount of this type of waste, and therefore has a good prerequisite for the economic use of them and they make electricity and heat.
This opens opportunities for free market electricity from biogas or methane produced as gas for all consumers, starting with the largest, to individual households, business entities, especially enterprises gasification of cities the gas stations and others.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 16 May 2016 10:35
Last Modified: 16 May 2016 11:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15815

Actions (login required)

View Item View Item