Nikolovska, Violeta (2016) Се навредуваме или си оддаваме почит? In: Научен собир: Јазикот наш денешен - јазикот наш насушен.. (In Press)
Preview |
Text
PROGRAMA- kORUBIN-2016.pdf Download (336kB) | Preview |
Preview |
Text
VN trud 2.pdf Download (358kB) | Preview |
Abstract
Обраќањето е јазична појава која допира до социолингвистиката и прагматиката како лингвистички дисциплини. Во прагматиката се употребува изразот лице (face) за да се означи јавната слика што индивидуата ја создава за себе. Тоа е емоционално и социјално чувство за себе што го има секоја личност и очекува другите личности да го препознаат. Учтивоста (politeness) се дефинира како покажување на свест за ова лице на другиот. Покажувањето на свест за лицето на собеседникот, на другиот, особено се гледа во начинот на обраќање. Како се обраќаме на непознати, а како на познати лица? И во двата случаи треба да се покаже љубезноста, свеста за туѓото лице, за емоционалното и социјалното чувство за себе на другиот. Во трудот ќе бидат анализирани начините на обраќање, првенствено кон непознати лица во македонскиот јазик. За потребите на анализата спроведовме анкета меѓу припадници на различни возрасни групи. Ако кажеме нешто што претставува закана за сликата на самиот себе на другиот, тоа се нарекува чин на закана кон лицето (face- threatening act). Секогаш кога со нашето однесување ја намалуваме можноста за закана на чувството на другиот за самиот себе, чинот се нарекува чување на лицето на другиот (face-saving act). Во трудот, обраќањето ќе биде разгледано и во рамките на овие чинови.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Violeta Nikolovska |
Date Deposited: | 13 May 2016 11:58 |
Last Modified: | 13 May 2016 11:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15793 |
Actions (login required)
View Item |