Планирањето и креирањето на менаџмент-стратегии во организационите субјекти (со посебен осврт на текстилната дејност во Штип)

Bojceva Panajotova, Despina (2016) Планирањето и креирањето на менаџмент-стратегии во организационите субјекти (со посебен осврт на текстилната дејност во Штип). Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Planiranje i strategija_Lektorirana.pdf]
Preview
Text
Planiranje i strategija_Lektorirana.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Современиот деловен свет е доста динамичен, турбулентен и секојдневно подложен на промени. Деловните ентитети во едно такво екстерно опкружување опстануваат само со примена на рационално стратегиско планирање.
Процесот на планирање и концепирање стратегија и нивна имплементација се употребува со цел да ги утврдат целите и можните начини кои придонесуваат за нивна реализација и да се зголеми нивото на прецизност во деловното работење.
Важен дел од овие деловни активности е разбирањето на мисијата и визијата на претпријатието, организациските вредности и култура со цел да се постигне хармонизација, координација и усогласување на преземаните активности за да се подобрат организациските перформанси и оствари максимален деловен резултат.
Поради значењето и важноста на планерските и стратегиските активности за „животот“ на деловните ентитети, решив истите да бидат фокусот на моето истражување, подетално образложено во рамките на овој магистерски труд.
Клучни зборови: план, стратегија, перформанси, имплементација, диверзификација.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 May 2016 08:33
Last Modified: 05 May 2016 08:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15773

Actions (login required)

View Item View Item