Монетарната политика на таргетирање на девизниот курс на денарот во развојот на Република Македонија

Panova, Sanja (2016) Монетарната политика на таргетирање на девизниот курс на денарот во развојот на Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Magisterska Sanja Panova pdf.pdf]
Preview
Text
Magisterska Sanja Panova pdf.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Паричниот систем и монетарно – кредитната политика на Република
Македонија се градеа по осамостојувањето на земјата од претходната
федеративна заедница, кога Македонија се соочи со проблеми како:
престанување со работа на многу капацитети, зголемување на невработеноста,
зголемување на буџетскиот и надворешно - трговскиот дефицит, како и високата
инфлација. Макроекономската стабилизација сфатена во потесна смисла како
намалување на стапката на инфлација, беше првата мерка на економската
политика, преземена паралелно со монетарното осамостојување на Македонија.
Во мала и отворена економија, политиката на девизен курс има посебно
значење во контролата на инфлацијата и пошироко, во однос на реалните
стопански движења. Со очекувања дека ќе делува во таа насока била прифатена
и применета стратегијата на таргетирање на девизниот курс на денарот, со што
монетарната политика е сведена на одржување на фиксен девизен курс на
денарот спрема еврото. Определбата на земјата за приклучување на Европската
унија и членството во другите меѓународни финансиски организации е уште една
причина за изборот на оваа стратегија.
Во практиката на приспособувања на порастот на монетарните агрегати за
да се одржи стабилноста на курсот на денарот најчесто доаѓаше до примена на
мерки за повлекување на пари од прометот преку зголемување на стапката на
задолжителните резерви и дисконтната стапка, емисија на благајнички записи со
релативно висока каматна стапка со цел намалување на побарувачката на девизи
и кумулирање високи девизни резерви. Ова неповолно влијаеше врз интересот за
преземање на инвестициони зафати.
Доследното спроведување на политиката на таргетирање на девизниот курс
на денарот, поради повисоките стапки на инфлација во земјата во однос на
најзначајните надворешно-трговски партнерии дојде до преценување на
девизниот курс на денарот. Тоа резултираше со губење на ценовната
конкурентност спрема странство и со влошување на екстерната рамнотежа.
Поради тоа, земјата западна во маѓепсан круг на ниски стапки на раст. При
примена на ваков режим на курсот не се реализира неговото влијание врз
тековната сметка на билансот на плаќања и врз конкурентноста на извозот,
бидејќи во текот на примената на ваквата ригидна стабилизациона програма со
цврсто одржување на фиксниот курс, дојде до апрецијација на курсот наденарот.
Апрецијацијата на вредноста на денарот е основна причина за слабеење на
интересот за извоз и за нагласена супституција на домашното производство со
увозно.
Кога се зборува за контролата врз девизниот курс, треба да се спомене
дека успешноста на Централната банка во одржувањето на стабилен девизен курс,
во голема мерка се должи на тоа што Македонија се уште не ја отворила
капиталната сметка. Искуството на многу земји покажува дека при слободно
движење на меѓународниот капитал е многу тешко да се одржуваат фиксни
девизни курсеви. Тоа значи дека во иднина, кога ќе се дозволи пристап на
странските инвеститори на домашните финансиски пазари, не може да се очекува
да продолжи досегашната стабилност во движењето на девизниот курс. Имено,
при постојните плитки финансиски пазари, неочекуваните приливи и одливи на
странски капитал ќе вршат голем притисок врз девизниот курс.
Клучни зборови: макроекономска стабилизација, инфлација, девизен
пазар, девизни резерви, инструменти на монетарна политика, каматни стапки,
надворешно-трговски дефицит, странски директни инвестиции, економски раст.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Apr 2016 10:13
Last Modified: 07 Apr 2016 10:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15720

Actions (login required)

View Item View Item