Дизајнирање и институционирање на организациска структура и култура

Kostadinov, Ivica (2016) Дизајнирање и институционирање на организациска структура и култура. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Magisterska rabota - Ivica Kostadinov.pdf]
Preview
Text
Magisterska rabota - Ivica Kostadinov.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во овој труд преку теоретски излагања и емпириско истражување ќе
биде елаборирана темата за начините на дизајнирање и имплементирање на
организациската структура и култура, и предизвиците со кои се соочува
организацијата при реализација на овие процеси.
Теоретскиот дел ќе го започнам со дефинирање на поимот за
организација, преку истражување на природата на процесот на организирање,
и објаснување на основните принципи на организирањето. Ќе биде објаснето и
што претставува организацискиот дизајн, и кое е значењето на
организациската структура. Во првата глава ќе бидат дефинирани и поимите за
организациска политика и организациска етика, а ќе биде даден посебен осврт
на тоа што претставува организациската култура, кои се нејзините извори и
каква е улогата на културните вредности и норми во рамките на
организацијата.
Во продолжение, ќе бидат објаснети основните елементи на
организацискиот дизајн, а ќе биде посветено внимание и на основните фактори
за избор на организациската структура.
Во последната глава ќе бидат прикажани различните видови на
организациска структура коишто му стојат на располагање на менаџментот.
Објаснети се и поимите на диференцијација и интеграција, како и начинот на
унапредување на организациската структура и култура. Исто така, ќе биде
испитана улогата на менаџерот во воспоставувањето на организациската
култура.
Со емпириското истражување ќе бидат поставени неколку хипотези во
врска со процесот на дизајнирање и имплементирање на организациската
структура и култура, а преку анкетирање на вработените и менаџерите во
неколку македонски компании, ќе согледаме дали овие хипотези ќе бидат
потврдени или одбиени.
Клучни зборови: организација; менаџмент; промени; вредности; норми

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 04 Apr 2016 12:37
Last Modified: 04 Apr 2016 12:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15698

Actions (login required)

View Item View Item