Prodanovska, Vesna (2016) Секциско предавање на тема „Важноста и приодите при предавањата по правилен изговор во изучувањето на англискиот како странски јазик“. In: I Меѓународна научна конференција ФИЛКО, 18-19 March 2016, Stip, Macedonia. (Unpublished)
Prodanovska izlaganje na FILKO Stip 2016.pdf
Download (738kB) | Preview
Abstract
На I Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 18 и 19 март 2016 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, м-р Весна Продановска учествуваше со секциско предавање, односно излагање на тема „Важноста и приодите при предавањата по правилен изговор во изучувањето на англискиот како странски јазик“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека зборувањето е продуктивна вештина или, според група автори, претставува интерактивен процес на конструирање на значењето што вклучува создавање, примање и обработка на информациите. Формата и значењето на зборувањето се зависни од контекстот во кој тоа се случува, вклучувајќи ги и самите учесници, нивните социјални улоги, искуства, физичката средина итн. Изговорот е почетен и клучен аспект во развојот на зборувањето како јазична вештина. Покрај тоа, при излагањето беше потенцирано дека целта на обработката на оваа тема е да се прикаже важноста на правилниот изговор и да се прикажат приодите во предавањата за изговорот при изучувањето на англискиот како странски јазик. Во заклучокот беше нагласено дека стекнувањето на правилен изговор не е достигнување на ниво на мајчиниот јазик туку целта е да се постигне прифатливо ниво при што оној што го изучува странскиот јазик не би се почувствувал оддалечен од способноста да комуницира, при што изговорот би се појавил како главна бариера.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Vesna Prodanovska |
| Date Deposited: | 04 Apr 2016 10:37 |
| Last Modified: | 04 Apr 2016 10:37 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15682 |
