Практикум по култура на изразување и комуникација во претприемништвото

Serafimova, Mimoza (2016) Практикум по култура на изразување и комуникација во претприемништвото. ISBN 978-608-244-282-2.

Full text not available from this repository.

Abstract

Овој е-практикум е наменет за студентите коишто го изучуваат предметот Култура на изразување и комуникација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Основна цел е да им помогне во совладување на практикувањето комуникациски вештини од аспект на културата на изразувањето и комуникацијата, но и на најважните теми што ги покриваат комуникациските аспекти на работењето и во менаџирањето со човековите ресурси, внатре во организацијата и во нејзиното окружување. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Начинот на појаснување на сите сложени прашања од областа на културата на изразување и комуникацијата е пристапен, со примена на пристапи во непосредната практика. Оттука, концизното и експлицитното презентирање на проблематиката од оваа област, дава голема можност за користење на овој материјал не само за студентите, туку и пошироко.
Практикумот е напишан со јасен и разбирлив јазик, методолошки структуриран пет глави кои меѓу себе се надополнуваат, а во секоја од нив се разработени основните поставки, потребата и значењето на практикувањето на културата на изразување и комуникација во работата на менаџерот – претприемач.
Секоја глава започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена на почетокот. На крајот на ракописот, соодветно се нотирани библиографските единици кои се цитирани во текстот, а се однесуваат на монографски единици, периодични списанија, статии, извештаи и интернет страници.
Првата глава, насловена како „Постигнување лична комуникативна ефикасност“ содржи обраќање до менаџерите – претприемачи за нивното справување со бариерите во нивната деловна комуникација.
Втората глава е составена од практични приоди кон најелементарните поими коишто се однесуваат на процесот на давање и примање инструкции на работното место, кое го сметаме еден од најважните секојдневно применливи работни пристапи од кои зависи самата ефикасност на деловната комуникација, а третата глава ја објаснува поврзаноста и условеноста на процесот на комуникација на менаџерите претприемачи од аспект на степенот на нивна адаптација кон културните и половите разлики на вработените.
„Надворешно насочената комуникацијата“ е четврта глава и го појаснува значењето на комуникациските компетенции за претприемништвото и претприемачот, односно нивното влијание на надворешните актери за организациите. Начинот на успешното менаџирање на комуникацискиот процес наменет за настап на пазарот на труд кога во постапката за вработување е опфатен во петтата глава.
Теоретскиот осврт во секоја глава од истоимената скрипта е поддржан од разработени практични примери од познати компании и докажани менаџери - претприемачи.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 22 Mar 2016 12:34
Last Modified: 22 Mar 2016 12:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15613

Actions (login required)

View Item View Item