Анализа на поврзаност помеѓу акрилатни вештачки заби и акрилатно протезно седло

Apostoloski, Pavle (2015) Анализа на поврзаност помеѓу акрилатни вештачки заби и акрилатно протезно седло. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of специјалистички-28.12.2015 павле pdf.pdf]
Preview
Text
специјалистички-28.12.2015 павле pdf.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Подготовка на базалната површина кај акрилатните вештачките заби е многу важен фактор во однос на квалитетот на една забна протетска изработка. Се однесува на врската помеѓу вештачките заби и акрилатното протезно седло изработено од топло полимеризирачки акрилат.
Целта на трудот беше да се испита воспоставената врска на акрилатни заби со акрилатното протезно седло. За реализација на целта, беа изработени 20 акрилатни примероци, истражувачките примероци беа поделени во четири групи, во зависност од применетата подготовка.
Опишани се четири техники на подготовка со што се оправда најдобрата техника на подготовка. Анализата се однесува на резултати добиени со визуелизација, магнификација, како и со примена на статистичка анализа. Со помош на светлосен микроскоп, беше измерена ширината на меѓупросторот помеѓу акрилатниот вештачки заб и акрилатното протезно седло.
Добиените резултати укажуваат дека максимално растојание на меѓупросторот се јавува кај примероците од А-група без никаква подготовка.
Додека кај примероците од Б-група, кои беа механички подготвени со сепарирање, постоеше меѓупросторот помеѓу вештачкиот заб и акрилатната база, којшто беше со помали вредности за разлика од примероците од А-група.
Кај примероците од Ц-група со хемиска подготовка, како и кај примероците од Д-група со хемиска и механичка подготовка, при анализата, не се јавува меѓупростор помеѓу забот и акрилатната база.
Клучни зборови
Топло полимеризирачки акрилати, хемиска подготовка, механичка подготовка,

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 May 2016 08:32
Last Modified: 05 May 2016 08:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15557

Actions (login required)

View Item View Item