Компаративна анализа на фондовите за ризичен капитал и хеџ фондовите

Dimovska, Biljana (2016) Компаративна анализа на фондовите за ризичен капитал и хеџ фондовите. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of 22 10  2015  БИЛЈАНА ДИМОВСКА  МАГИСТЕРСКА.pdf]
Preview
Text
22 10 2015 БИЛЈАНА ДИМОВСКА МАГИСТЕРСКА.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Фокусот на овој труд е пред се актуелниот глобален проблем на компаниите за финасирање на сопствените бизниси и бизнис идеите. Преку компаративна анализа на двата алтернативни извори на финансирање на глобално ниво, е со цел да се појаснат предизвиците кои произлегуваат од можноста за финасирање на бизнисите со фондовите за ризичен капитал и хеџ фондовите. Овие две алтернативи се од особено големо значење во услови на скапи банкарски кредити или на отсуство на капиталот од берзата како извор на капитал за финансирање на компаниите, во делот на привлекувањето на вложувањата од фондовите за ризичен капитал и хеџ фондовите.
Развиениот финансиски систем овозможува многу повеќе можности за собирање на капиталот кој е неопходен за финансирање на компаниите. На нашите простори, често може да се слушне дека еден од најголемите проблеми претставува токму финансирањето на компаниите. Тоа е точно, особено ако се има во предвид дека не постојат во доволна мера таканаречени „алтернативни извори за финансирање״. Без развиена мрежа на овие извори на финансирање, на сопствениците на малите бизниси и претприемачите им е потребно многу време за да набават капитал и да го решат проблемот околу финансирањето на својот бизнис.
Клучни зборови: фондови, ризичен капитал, хеџ фонд, инвестиции,кредити, капитал, акции, берза, финансирање

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 25 Feb 2016 13:13
Last Modified: 25 Feb 2016 13:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15554

Actions (login required)

View Item View Item