Kukubajska, Marija Emilija and Jovanova Stojanova, Frosina (2013) Интердисциплинарна споредба: американската бит култура социјално активирана од постмодернизмот. Годишен зборник 2013 - Филолошки факултет. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
Kukubajska 2.pdf Download (195kB) | Preview |
Abstract
60-тите години на минатиот век во САД се забележани како почеток на лево ориентиран социо-политички и културен активизам кој понатаму субверзивно се шири и во ново книжевно движење. Со своите идеолошки слогани и противречни улични школи на мислата, движењето на бит генерацијата наводно имало за цел да воведе повисока свест за нови социјални промени во западната култура. Застапниците на бит движењето на почетокот не се наметнуваат како официјални (mainstream) влијанија, но сепак постапно го инфилтрираат својот секуларен ревизионистички однос во најширок дијапазон на социјални сфери, универзитетски кампуси, медиуми и новодопски книжевни концепти за реалноста и вистината, низ призмата на гневниот, постмодерен анархизам. Критиката била поделена во однос на бит-хипи филозофијата за промени. Дел од опозицијата остро ги бранела безбедните и здрави основи на дотогаш невиденото американско планетарно водство во просперитет (она што, всушност, постанало омразено од социјалниот активизам на битниците). Одредени академски заедници ги прогласувале припадниците на оваа генерација за антиинтелектуалци, морално и сексуално девијантни, со аспирации индуцирани од психотропски супстанци, кои вообичаено биле оправдувани од хипиците и поради нивната некогашна, предисториска, употреба. Овој критички сегмент посматра еден друг аспект од хипи идентитетот спрема кој тие се 1) антитези на ментално и емоционално стабилни и одговорни лидери за промени кои 2) одбегнуваат самоодговорност за култивирање на сопствен интегритет и идентитет во образованието, културата и општествено-економскиот систем на демократска Америка, со што си наметнуваат на себе 3) самодеструктивен животен стил и книжевна содржина, проследена со неодреденото чувство дека се дотепани (Beat) од моќта на неправедното општество кое одбива да ги следи марксистичките идеи, Мао, Хо Ши Мин, Че Гевара и други комунистички утописти, во еден свет атеистички збунет во распаѓање на моралните вредности и доблести, свет за чие влошување придонеле и битниците. Клучни зборови: бит генерација, општествено-културни промени, револт, антиинтелектуализам.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature Humanities > Other humanities Humanities > Philosophy, ethics and religion |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kukubajska |
Date Deposited: | 24 Feb 2016 12:11 |
Last Modified: | 24 Feb 2016 12:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15547 |
Actions (login required)
View Item |