Vukovikj, Makedonka (2016) Компарација помеѓу општа и спинална анестезија при операција на ингвинална хернија во Универзитетска клиничка болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, за периодот од септември до ноември 2014 година. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Компарација помеѓу општа и спинална анестезија при операција на ингвинална хернија.pdf Download (811kB) | Preview |
Abstract
За пациентите кај кои е дијагностицирана ингвинална хернија, најчесто се препорачува хируршки третман. Во текот на зафатот се отвора килната ќеса, нејзината содржина се враќа во стомачната празнина, килната ќеса се пресекува, а на отворот се поставува мрежичка со цел дополнително да се зајакне ѕидот на стомакот.
Анестезијата може да биде општа и регионална. Општата анестезија, или уште наречена генерална, е состојба на бессознание и губиток на заштитните рефлекси како резултат на давањето на еден или повеќе анестетици. Локалната анестезија е реверзибилно губење на моторната функција на одреден дел од телото. Локалните анестетици ова дејство го остваруваат преку блокирање на нервната спроводливост. И при двата вида на анестезија, постоперативно може да се појават одредени компликации.
Предмет на овој труд е компарација на спинална и општа анестезија како методи за анестезија при операција на хернија во Универзитетска клиничка болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, за периодот од септември до ноември 2014 година. Селектирани се пациенти со ингвинална хернија избрани од хируршкиот оддел.
Поделени се во две групи: пациенти оперирани со општа анестезија и пациенти оперирани со спинална анестезија. Во оваа студија, вклучени се 186 пациенти од кои 132 од машки и 54 од женски пол. Повеќето од нив имаат еднострана директна ингвинална хернија. Од вкупниот број пациенти, 94 се оперирани со општа анестезија, а 92 со спинална. Пациентите оперирани со спинална анестезија (92) се споредени со пациентите оперирани со општа анестезија (94) во однос на компликациите кои се јавиле.
Постоперативно се забележани следните компликации: уринарна ретенција, гастроинтестинални нарушувања, неспецифични и постспинални главоболки, болки и респираторни компликации.
Постоперативната појава на гадење и повраќање и другите следени компликации е значително поизразена кај пациентите оперирани со општа анестезија. Компликациите се поизразени кај пациенти кои се пушачи.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: ингвинална хернија, спинална анестезија, општа анестезија.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 23 Feb 2016 10:56 |
Last Modified: | 23 Feb 2016 10:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15537 |
Actions (login required)
View Item |