Majhosev, Andon (2011) Улогата на социјалните партнери во колективното преговарање во Република Македонија во периодот 1990 - 2012. PhD thesis, Институт за социолошки и правно политички истражувања (ИСППИ) - Скопје.
Preview |
Text
докторат.pdf Download (686kB) | Preview |
Abstract
Оваа докторска дисертација е научен допринос во областа на политичките науки и трудовото право. Нејзина основна цел е да утврди дали внатрешното и надворешното опкружување имаат влијание на процесот на колективното преговарање во Република Македонија. За да се одговори аргументирано на прашањето, во трудот го применивме моделот на индустриски односи на Харвардскиот прпфесор John T. Dunlop прилагоден-адаптиран на наши услови. Во тој контекст се анализирани моќта на субјектите во колективното преговарање како внатрешно опкружување, како и влијанието на идеологијата на власта, пазарот на трудот, политиките на меѓународните финансиски институции, технологијата како надворешно опкружување. Трудот е пделен во осум дела.
Во првиот дел се обработени поимот, сушѕината, дефиницијата, историскиот развој, функциите, претпоставките за колективното преговарање и друго.
Во вториот дел од трудот е разработена теоретската рамка за колективното преговарање.
Третиот дел се занимава со компаративната анализа на колективното преговарање во соседните држави, како и држави кои имаат слична политичка, правна и историска традиција.
Во четвртиот дел од трудот е обработено колективното преговарање во Европската унија (ЕУ).
Петтиот дел ги содржи меѓународно-правните инструменти за колективното преговарање на Меѓународната организацихја на трудот (МОТ), Организацијата на Обединетите нации (ООН) и ЕУ.
Шестиот дел од трудот се однесува на колективното преговарање во Република Македонија (РМ) во кој се обработени сите негови аспекти.
Во седмиот дел од трудот се претставени резултатите од истражувањето на функционирањето на колективното преговарање во РМ во периодор 1990-2012 година.
Во осмиот дел од трудот се претставени заклучоците од истражувањетоп, а во тој контекст се дадени и повеќе препораки кои се однесуваат на тоа како да се подобри колективното преговарање во државата.
Клучни зборови: колективно преговарање, колективен договор, социјален дијалог, социјално партнерство, компромис, социјален конфликт, влада, синдикат, здружение на работодавачи, мнозински модел на претставување, репрезентативен модел на птретставување, Комисија за репрезентативност.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Andon Majhosev |
Date Deposited: | 19 Feb 2016 10:50 |
Last Modified: | 19 Feb 2016 10:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15507 |
Actions (login required)
View Item |