Majhosev, Andon (2008) Функционирање на економско - социјалниот совет на Република Македонија во периодот 1997 - 2007 година. Masters thesis, Институт за социолошки и правно политички истражувања (ИСППИ) - Скопје.
Preview |
Text
магистерски труд.pdf Download (388kB) | Preview |
Abstract
Предмет на истражување во трудот е функционирањето на Економско-социјалниот совет во Република Македонија во периодот 1997-2007 година.
Поимот Економско социјален совет се однесува на институционална форма која претставува трипартитно советодавно тело кое го сочинуваат претставници на владата,
синдикатот и здружението на работодавци (со учество на експерти), преку кое се одвива социјалниот дијалог и значаен дел од преговарачката функција на социјалните партнери за прашања од економско-социјалната сфера со цел да се обезбеди социјален мир и социјална хармонија, како услов за политичка стабилност на државата.
Во истражувањето анализирани се условите, односно претпоставките од аспект на внатрешни и надворешни влијанија врз ефективното функционирање на Советот. како позначајни надворешни претпоставки што се анализирани се: постојната правна рамка во државата,репрезентативноста на социјалните партнери,организационо-техничките услови, капацитетот на преговарање на партнерите, учеството на независните експерти на седниците на Советот. Од надворешните претпоставки анализирана е само идеолошката припадност на власта (левица-десница). Работата на Економско социјалниот совет e анализирана особено во периодот од 2003-2008 година, бидејќи само за наведениот период постојат расположиви пишани документи (записници).
Клучни зборови: Економско-социјален совет, трипартизам, социјален дијалог, ефективност, социјален мир, социјален конфликт,социјално партнерство и компромис.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Andon Majhosev |
Date Deposited: | 19 Feb 2016 10:50 |
Last Modified: | 19 Feb 2016 10:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15506 |
Actions (login required)
View Item |