Историја на архитектурата, уметноста и урбанизмот 1 - скрипта

Namicev, Petar (2014) Историја на архитектурата, уметноста и урбанизмот 1 - скрипта. ISBN 978-608-244-014-9.

Full text not available from this repository.

Abstract

Материјалот е презентиран во обем и форма коишто треба да дадат една јасна слика, подеднакво од сите историски епохи од периодот на праисторијата, преку стариот век, средниот век и новиот век. Опфатот на овие епохи е огромен, со неограничен број на податоци, но за оваа намена, презентирани се само селектирани податоци, со објаснувања за клучните моменти на одредени правци, автори, епохи, движења, настани и сл. Низ вековите, развојот на архитектурата поминала низ сите фази на својата еволуција, во конструкцијата и обликувањето, каде што се дефинирале најзначајните архитектонски стилови, при што архитектурата станува одраз на општествените стремежи на своето доба. Постоењето на обемна литература за овие историски периоди, од различен аспект и различна содржина на творештвото на архитектонската форма, претставува одраз на општествените потреби. Можностите за развој на архитектонската форма и уметноста се во потполна зависност од напредокот на цивилизациите, културите и развиената техника кај поедини народи. Притоа, во презентираниот материјал за архитектонското и уметничкото творештво, е направен обид да се прикаже како природен процес на својот развој, условен од општествените потреби, поврзани со општествените односи, економско - политичките услови, техничкиот напредок и климатските прилики. Според обемот на материјалот направена е одредена урамнотежена застапеност на праисториската архитектура, преку архитектурата и уметничкото творештво на древните цивилизации на Египет, Месопотамија и Персија, да се опфатат најобемните и влијателни творештва на Грчката и Римската архитектура и уметност. Притоа, даден е приказ на најзначајните карактеристики на развојот на Критската, Микенската и Етрурската култура, и нивните влијанија во периодот на стариот век. Периодот на средниот век е презентиран преку развојот на ранохристијанската и византиската уметност, на коишто се надоврзуваат романскиот и готскиот стил. Како еден од најзначајните периоди во историјата на архитектурата ренесансата, опфаќа период на својот развој, преку раната, високата и доцната ренесанса во областа на архитектурата, уметноста и урбанизмот, коишто оставиле најголема трага во поновата човекова историја. Во периодот на новиот век опфатен е и периодот на барокот и влијанијата од другите уметнички движења во истиот период. За прикажување и систематизирање на архитектурата и уметноста прифатен е систем каде што секоја епоха содржи еден општ преглед на архитектурата и условите во коишто е создавана, потоа развојот на архитектурата според одредени историски поделби, конструктивни материјали и системи, архитектонска композиција, презентација на архитектонските споменици со осврт на главните типови, нивен опис и сл.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Petar Namicev
Date Deposited: 16 Feb 2016 14:01
Last Modified: 16 Feb 2016 14:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15479

Actions (login required)

View Item View Item