Kukubajska, Marija Emilija (2014) Книгата „Зошто шепотиме“, од Џим Деминт: За загрозената слобода на изразување. Меѓународен дијалог: Исток - запад (култура, славјанство и економија), 1. ISSN 1857-9299
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
zbornik_5 k.pdf Download (436kB) | Preview |
Abstract
Истражувањето го разгледува сегашниот статус на слобода на изразување во културните, социјалните и медиумски домени, засновано на наоди од истражувачите сенаторот Џим деМинт и Проф. Ј.Давид Вудард. Нивната коавторска книга обезбедува значајни алтернативни гледишта врз човековите права и слободи да се искаже што е „погрешно“, што одржливо и што критички потиснувано или неповратно променето од страна на радикалната либерална агенда во САД денес. Наспротив преовладувачки лево ориентираната академска средина, водечки мислители како Деминт, сега претседател на највлијателниот републикански конзервативен труст на мозгови, Херитиџ фондацијата од Вашингтон, дискутираат противречности и конфликти во (не)применувањето на уставните принципи и на традиционалните стандарди во спроведување на основните човекови слободи на живеење и градење подобар живот. Оваа книга презентира статистички факти и објективни податоци за радикалната либерална нетолеранција и за кршењето на слободите на изразување во едно општество кое, се до тогаш кога прогресивната (секуларна) интелектуална диктатура прогласи победа на малцинството над мнозинството во однос на системот на вредности, имаше светско водство во одбрана на човековите права и еднакви можности за сите култури, религии и научни и културни ставови.
Клучни зборови: културен пад, радикален либерализам во високото образование; секуларен отпор на американските универзитети против традиционални вредности; наметната општествена дисциплина, нетолерантност во име на толеранцијата; интердисциплинарен контекст.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kukubajska |
Date Deposited: | 15 Feb 2016 11:00 |
Last Modified: | 15 Feb 2016 11:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15452 |
Available Versions of this Item
-
Книгата „Зошто шепотиме“, од Џим Деминт: За загрозената слобода на изразување. (deposited 21 Jan 2015 10:00)
- Книгата „Зошто шепотиме“, од Џим Деминт: За загрозената слобода на изразување. (deposited 15 Feb 2016 11:00) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |