Denkova, Jovanka (2011) Благородна и иновативна книга за светот на најмладите. Knjizevno pero (VIII/I). pp. 101-104.
Text
Sneguljica na dar.doc Download (147kB) |
Abstract
Збирката „Sneguljica na dar“ ја сочинуваат модерни песни за деца, најчесто ослободени од версот и испеани во слободен стих. Од стилско-изразните средства најчести се ономатопејата и персонификацијата. Говорот е едноставен, но сликовит и интересен.
Нејзина особена вредност е изобилството од хуморни и хедонистичко - оптимистички тонови со кои се проткаени песните. Тој хедонизам е вткаен во љубовта кон животните, односот кон играчките, грижата за старата болна баба, фантазирањата, сонувањата, игрите со другарчињата во градинката, слогата меѓу двете сестрички. Впрочем, тој е темел на секоја песна или расказ. Таквиот однос на децата кон животните појави има општочовечки карактер, бидејќи преку него се чувствува и алтруизмот на авторите на оваа интересна збирка, било тие да се деца или возрасни.
Од тој аспект, таа носи безброј длабоки животни пораки, кои се особено важни за децата од претшколска возраст. Затоа, најискрено ја препорачувам збирката „Sneguljica na dar“ на најмладите читатели со длабока увереност дека таа ќе биде општо прифатена меѓу нив.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 21 Nov 2012 09:40 |
Last Modified: | 21 Nov 2012 09:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1543 |
Actions (login required)
View Item |