Slavkovski, Goran and Delipetrev, Blagoj and Doneva, Blagica and Tosik, Zoran and Boskov, Marjan (2015) Геофизичко истражување на геолошки комплекс со метода на геоелектрично сондирање. Natural resources and technologies, 9 (9). pp. 101-111. ISSN 185-6966
Preview |
Text
trud sondiranje.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Примената на геоелектричните испитувања има големо значење за подетално моделирање на геолошки позната средина. Геоелектричните испитувања се базираат на регистрирање на промените врз определено електрично поле без разлика на неговата природа (природно или индуцирано), преку кои се определуваат спроводните својства на геолошките средини кои се поврзани со геомеханичките параметри. Определувањето на најадекватната геоелектрична метода најмногу зависи од наслоеноста на земјиштето, геомеханичките карактеристики, како и целта на испитувањата.
Поради хоризонталната наслоеност на геолошките средини во испитуваната средина, како и прифатливите податоци за реалниот специфичен електричен отпор на геолошките средини, во овој научен труд ќе биде обработено изработувањето и интерпретацијата на геоелектрични модели изработенисометода нагеоелектричното сондирање. Сондирањето е изведено со Шлумбергеров распоред на мерниот диспозитив кој се состои од две струјни и две потенцијални електроди во мерен распоред во кој растојанието помеѓу струјните електроди е многу поголемо од растојанието помеѓу потенцијалните електроди. За секое ново мерење струјните електроди сукцесивно се оддалечуваат, со што се зголемува длабочината на моделирање на испитуваната средина. Истражниот простор е составен од две истражни дупнатини со вкупна должина од 60 т. Геоелектричното моделирање е изведено до максимална длабочина од 30 m и е претставено преку модели на реален електричен отпор и модели на привиден електричен отпор. Моделите на реален електричен отпор се изработуваат преку спроводливите карактеристики на геолошките средини, додека пак моделите на привиден електричен отпор се синтетички и се изработени во комбинација од податоците за геомеханичките карактеристики, како и податоците од геолошките испитувања.
Последна фаза во научниот труд претставува интерпретацијата на геоелектричните модели на привиден електричен отпор преку која се дефинираат различните геолошки средини, нивните реални електрични отпори, како и длабочините до граничните површини кои одделуваат две средини со различни геолошки карактеристики.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Blagica Doneva |
Date Deposited: | 10 Feb 2016 15:09 |
Last Modified: | 10 Feb 2016 15:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15365 |
Actions (login required)
View Item |